Разбудете го авантуристот во себе и заминете да волонтирате низ светот

Желбата за авантура ми откри алтернативни начини на патување. Покрај couchsurfing платформата, која станува сè повеќе позната низ светот, тука може да ја додадам и веб-страната www.workaway.info.

razbudete-go-avanturistot-vo-sebe-i-zaminete-da-volontirate-niz-svetot_1.jpg

Станува збор за заедница, чијa главна цел е споделување добра соработка на глобални патувачи кои додека го спознаваат светот ќе придонесат во местата кои ги посетуваат.

Едноставно речено со четири до пет часа работа добиваш бесплатно сместувања и храна, а понекогаш и други привилегии, како на пример скромен џепарлак. Можностите се разновидни.

Можеш да бидеш сместен кај индивидуи или семејства, комуни или организации, мали бизниси, фарми, училишта, хостели или бродови. Сè зависи од твоите потреби и очекувања, а вакви можности ги има насекаде низ светот, од Европа и Азија, па сè до Африка, Близок Исток, Јужна и Северна Америка.

Пред неколку години додека кроев планови за нови патувања и ограничен од малиот буџет, налетав на оваа интернет страница која ми обезбеди незаборавни доживувања. Навистина е лесно да се биде дел од оваа платформа.

За да креираш профил мора да платиш годишна партиципација. Ако си една личност ќе те чини 32 евра, ако си пар или двајца пријатели тогаш цената е 42 евра.

Внесуваш информации и податоци за себе и потрагата по волонтерски активности може да започне.

Моето прво workwaway искуство се случи во 2015 кога заминав да волонтирам во белгискиот замок Радхадеш, посветен на богот Кришна.

Спиев на душек во просторија со неколку луѓе, нови членови на движењето кои беа изложени на секакви духовни тестирања за да поминат низ процес на иницијација.

Имав задача секое утро да ги молзам кравите, а во вечерните часови да се грижам и да ја обработувам градината.

Мојата љубопитност за нови култури, религии и животни предизвици ми откри сосема непознат свет.

Бев првиот Македонец што некогаш стапнал таму, а важеа неколку основни правила: нема јадење месо и пиење кафе; нема секс пред брак; нема обложување, а уште помалку консумирање алкохол, цигари или какви било наркотици.

Дружењето и запознавањето на луѓе со сосема различен поглед на свет ми вдахна инспирација да се посветам повеќе на себеси како единка. Тоа беа денови кои гласно зборуваа за суштинските ентитети и ловеа една иста работа со различно лице.

На крај сите сфаќаме дека сме исти и дека имаме потреба да се преиспитаме себеси.

 

Десетина дена спијам на душек сместен на поткровје. Ноќите беа жешки, а деновите пеколно неиздржливи. Без свеж воздух за дишење. Имав чувство дека се наоѓам во сауна и секог миг ќе се удавам во сопствената пот. Вчера, неколку часа паѓаше дожд и после недела и пол имав квалитетен сон, без комшарски привиденија дека како свиња сум закачен на ражен... Но, и покрај се' уживам во секоја секунда од патувањето. #thevoyagealphabet #hitchhiking #hitchhiker #backpacking #backpack #adventure #eurotrip #journey #life #instatravel #belgium #bestoftheday

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Година дена подоцна, преку истата интернет страница волонтирав во приватното училиште „Хорне ефтерскул“ во Данска.

Првата недела работев во кујна, сечкав кромид, моркови и леб и ги миев чиниите со уште тројца волонтери. Нагоми од Јапонија, Рике од Русија и Лука од Италија. Во наредните недели бевме ангажирани околу активностите со учениците.

Кампувавме, возевме велосипед, пловевме со кану, сурфавме, јававме коњи. Раскажувавме приказни покрај огaн на плажа, се бањавме во „кочан студено“ Северно море и за целиот период се чувствував младо и енергично.

За сите оние кои сакаат да прошетаат и да спознаваат нови работи, тогаш workaway e вистинската можност за нив. Сепак она што ќе го добиеме од животот важи од тоа колку ќе вложиме во истиот.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Предлог дестинации во Македонија за незаборавни викенд доживувања (за вљубениците во природа) Каде ќе се патува викендов? Што ќе се прави? Ова се неколку прашања што сите пос...
50 евра по човек за лежалки во прв ред во Пефкохори: Како се движат цените на Халкидики годинава? Условите во баровите на плажа во Грција се значително сменети годинава. Ако неко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg