За сите фанови на Game of Thrones: Како навистина изгледа Dragonstone?

Ако некогаш се најдете во Северна Шпанија и воедно сте голем љубител на Game of Thrones тогаш сигурно ќе сакате да посетите некоја од локациите каде што е снимена серијата.

za-site-fanovi-na-game-of-thrones-kako-navistina-izgleda-dragonstone-2-001.jpg

Тој ноемвриски ден во регионот Баскија беше ужасно ветровит, дури дождот не престануваше со часови, но желбата лично да го засведочам тој епски хронотоп беше посилна од мене.

Фатив автобус од Билбао, се возев триесеттина километри до едно место именувано како Бакио. Ни чадор не ми помагаше да се справам со водените капки.

Бев возбуден од помислата дека по истата патека чекорела и актерската екипа од мојата омилена серија.

Кога пристигнав на посакуваната дестинација бев целосно накиснат и штом го здогледав островот заплискан од брановите на океанот се сетив на сцената од седмата сезона кога за првпат се сретнаа Џон Сноу и Денерис.

Пред мене се наоѓаше мост со 241 скали кој спроведуваше до Dragonstone, но тука немаше никаков замок, на врвот се наоѓа црквата San Juan de Gazteluggatxe, посветена на Свети Јован Крстител. Имаше гласини ако се заѕвони трипати на камбаната и си замислиш желба, истата ќе ти се исполни.

Исполнет со стравопочит спрема околината, уживав во бесните бранови, замислувајќи дека над мене летаат змееви.

Локацијата откако беше прикажана низ светот придонесе бран на туристи, кои секојдневно доаѓаат да го посетат овој воодушевувачки поглед.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg