Музеј за човечкото тело или како да ви се промени погледот на светот за неколку часа?

Сите сакаме да го посетиме Берлин, кој од нас веќе го сторил тоа, кој допрва ќе го реализира патувањето. Запознаени сме со Бранденбуршката капија, Меморијалните плочи за убиените Евреи, Берлинската телевизиска кула, Александар плац и ред други знаменитости, но кога ќе се споменеThe Menschen Museum, тогаш сите остануваме без зборови. Си мислиме дека можеби од некаде ни е познато или едноставно сме испобркале поими во главата.

muzej za coveckoto telo ili kako da vi se smeni pogledot na svetot za nekolku casa 4

Доколку ве интересира, The Menschen Museum е првиот музеј во светот посветен на човечкото тело. Да, добро реков, на човечкото тело.

Кога ќе се најдете помеѓу двестете изложени тела, самиот привид ќе ви овозможи едно патување низ човечкиот живот, кој во истиот миг ќе ве натера да размислувате за човечноста во нас самите.

Овој музеј има за цел да ни ја прошири свеста и да ни открие што е тоа што не поврзува, што не држи исправено и подвижни. Кога ќе се загледате во некое од изложените тела ќе добиете реален преглед за сложената структура на човечкото тело, за ранливите и кршливите делови, за функција на одредени органи и за болести кои се дел од сите нас, а за кои не сме биле свесни.

muzej za coveckoto telo ili kako da vi se smeni pogledot na svetot za nekolku casa 9

The Menschen Museum е многу повеќе од едноставна изложба на човечката анатомија, во просториите на музејот лебдат проблематики на битисувањето кои не засегаат сите. Музејот има сторено вистинска револуција кога станува збор за приватните музеи, овозможувајќи им на луѓето од целиот свет да допрат до тајните од животот на човекот.

muzej za coveckoto telo ili kako da vi se smeni pogledot na svetot za nekolku casa 8

Она што на многумина им е морбиден факт е тоа што изложените тела се на поединци кои самостојно прифатиле сопственото тело по смртта да се донира за истражување во медицината и да биде изложено во The Menschen Museum, добивајќи статус на бесмртност.

Самата атмосфера и кондензација што постои во просториите на музејот овозможуваат да се насочиме кон одредени аспекти кои го карактеризираат нашето постоење. Додека се наоѓате таму ќе им дадете простор на вашите мисли да се движат од среќа до несреќа, од притисок до опуштеност, од судбина до самокреација.

Ова се дел од сегментите што ќе се опфатат за време на престојот, додека вашите очите гледаат во телата, вашиот ум пробува да се избори со смислата и бесмисленоста на постоењето. За сите љубопитни персони и оние кои сакаат да допрат до длабочините на мудроста, The Menschen Museum е изборот што после неговото напуштање, ви ветувам, вашата перцепција за светот ќе биде променета.

muzej za coveckoto telo ili kako da vi se smeni pogledot na svetot za nekolku casa 7

muzej za coveckoto telo ili kako da vi se smeni pogledot na svetot za nekolku casa 10

muzej za coveckoto telo ili kako da vi se smeni pogledot na svetot za nekolku casa 3

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
„Зошто никој нам не ни јави дека во Скопје е вака убаво?“ - Туристка од Србија восхитена кај нас на ... Сончевото Скопје пулсира во еден поинаков ритам, зарем не? Aндријана Драгојевиќ ...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
„Бев на викенд во Кутмичевица, а сопственикот Насто ме трогна со љубовта кон родното Вевчани и локал... „И се разбудив совршено наспана на чист вевчански воздух, денот го започнав со д...

Најчитани неделава