Што кријат раселените села низ Македонија? Приказна за селото Страцин и неговите мистерии

Кога си свесен дека во Македонија постојат места што допрва треба да се истражат, не ти преостанува ништо друго, освен да собереш добро друштво и со ранци на грбовите да заминете во едно необично, да не речам македонско патешествие. 

shto krijat raselenite sela niz makedonija prikazna za seloto stracin i negovite misterii 3

Едно неделно утро, заедно со тројца другари со автомобил се одвезовме до селото Страцин, кое се наоѓа во североисточниот дел на Општина Кратово.

Немав никакви очекувања за она што точно се наоѓа таму. Оддалеченоста од 31 километар од Куманово ја поминавме во пријатно расположение, уживајќи со музиката на Pink Floyd.

И кога стасавме во селото од разбиен тип, сфативме дека направивме вистински избор. Прво, нè пречекаа група од неколку деца, кои кога нè здогледаа со камери в раце, почнаа да нè доживуваат како некои дојденци што вознемируваат, барем таков израз им стоеше на лицата.

Мотивирани да го започнеме истражувањето, се напивме вода од селската чешма, која истовремено имаше улога на спомен-плоча и беше посветена на загинатите партизани за време на Втората светска војна. Веројатно означените имиња беа жители на Страцин и околните села.

shto krijat raselenite sela niz makedonija prikazna za seloto stracin i negovite misterii 8

Освежени поминавме покрај селската кооперација, или еден од двата супермаркети што ги имаше во околината. Како и обично, налетавме на неколку мештани кои пиеја пиво и се сладеа со колбаси и вегета. Слика што секогаш се сретнува во помалите села.

Искрено, никој од нас не очекуваше дека пријателски ќе бидат поставени, па еден од нив, самоволно прифати да не прошета наоколу и подетално да ни ги открие знаменитостите.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Прво нè однесе да ги посетиме противтенковските барикади, кои наредени на ридот оддаваа една пост-воена атмосфера, барем нешто слично што имам видено на видео-игри.

Низ муабет дознавме дека Страцин отсекогаш бил стратешка точка, токму поради таа причина се изградени и бункери под ридовите и дека челичните триаголници биле донесени за да се спречи можна инвазија од Исток, која за среќа, никогаш и не се случила.

shto krijat raselenite sela niz makedonija prikazna za seloto stracin i negovite misterii 5

Потоа човекот ни го покажа патот до напуштената воена база, која на сите ни овозможи незаборавно искуство. Моравме низ еден тесен премин да се „пикнеме“ во внатрешноста на земјата ако сакавме да влеземе во мрежите на подземните тунели кои се простираа под двата рида.

Внатре немаше никакво осветлување, благодарение на телефонските блицеви успешно почнавме да се движиме низ мувлосаните и влажните тунели, полни со лилјаци. Ги видовме и просториите каде што на времето престојувале војниците, чии врати се затворале одвнатре во случај на опасност.

shto krijat raselenite sela niz makedonija prikazna za seloto stracin i negovite misterii 4

Во таква ситуација немале друг избор, освен да останат под земја со вградена вентилација и буриња со вода.

„Раштркани“ низ околните ридови, постојат неколку излези и токму на ова место се воделе борби меѓу македонските партизани и окупаторите за време на Втора светска војна.

Се сеќавам дека дедо ми ми има зборувано дека неговиот татко, кој бил поштар, бил убиен во Страцин. Толку многу приказни од тоа време имам слушнато за околината.

Кога излеговме на површина, оставајќи ги зад себе воените сведоци се упативме до црквата Свети Димитрија, ни требаше пешачење од дваесет минути за да стигнеме до религискиот објект.

Попатно од мештаните дознавме дека црквата била изградена уште во 1847 година и кога пристигнавме во пространиот двор немаше никој. Не успеавме да влеземе внатре, но доволно беше што ја обиколивме црквата во правоаголна форма за да го почувствуваме протокот на енергија, која речиси сите нè смири.

shto krijat raselenite sela niz makedonija prikazna za seloto stracin i negovite misterii 1

На само педесетина метри од црквата се наоѓаат селските гробишта, и навистина привидот не беше пријатен. Се чувствуваше една напнатост помеѓу нас, посебно што атмосферата и околната пустелија потсетуваше на некаков сет од евтин хорор филм.

Обраснати споменици, исушени венци и недогорени свеќи заедно со готските форми - сликата што ја оставивме зад себе кога решивме да продолжиме понатаму.

shto krijat raselenite sela niz makedonija prikazna za seloto stracin i negovite misterii 2

Како последна точка од патешествието ќе го издвојам природниот резерват што се наоѓа таму, на надморска височина од 804 метри, кој по напорно искачување го најдовме.

Интересен е феноменот што камените плочи изрешетани со локви вода, претставуваат домови за самовилските ракчиња, вид на безрбетници од слатководните екосистеми кои се класифицирани како загрозени видови.

Иако немавме можност да ги видиме ракчињата, кои едвај се гледаат со голо око, сепак задоволни од целата авантура се вративме на почетната точка.

Пред заминување, седнавме со мештаните на по едно пиво и опуштени од напорното пешачење се упативме спрема Куманово, сфаќајќи дека и нашите македонски краеви кријат богатство и мистерии за кои воопшто не сме свесни дека постојат.

shto krijat raselenite sela niz makedonija prikazna za seloto stracin i negovite misterii 7

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
5 од најубавите плажи во Шпанија со тиркизна вода и златен песок Шпанија е позната по своите прекрасни плажи со кристално чиста води, а во продол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg