Репортажа од Миконос: „Островот е рај ама ви треба длабок џеб“ (фото)
Тиркизната вода, ветерниците, живописните улички, најубавото зајдисонце и лудите забави во бич баровите го прават Миконос незаборавно искуство.

Островот Миконос е познат како грчката Ибица и место за забава на милионерите и милијардерите, особено во екот на сезоната во јули и август.
Многу познати личности ја посетуваат оваа гламурозна дестинација, па токму затоа новинарот Харисон Џејкобс од Bussiness Insider одлучи да појде таму и да направи репортажа.
Во својата репортажа тој заклучи дека на Миконос ќе си поминете одлично само ако сте вљубеник во забавите и имате длабок џеб.
Дел од неговото искуство од Миконос:
Миконос е прекрасен, гламурозен и луксузен, а бранот на туристи таму го поттикнала првата дама на Америка Џеки Кенеди со посетата во 1961 година.


Потоа го посетиле Елизабет Тејлор, Марлон Брандо, а денес омилен им е на Линдзи Лохан, Кендал Џенер и Расел Кроу.

Познат е како ветровит остров и тоа е прекрасно, но ако немате наметка навечер природното „разладување“ може да ви ја уништи вечерта.

Миконос не е место за семејно патување и ако немате добар буџет ќе добиете лошо сместување многу далеку од плажите.

Стотиците јахти покрај брегот се доказ дека Миконос е омилена дестинација на богатите.


Водата има неверојатно сино-зелена боја.

На плажите има одлични бич барови, но подобар третман од келнерите ќе добиете ако изгледате дека носите илјадници евра во себе.


Сепак има место и за лежење на пешкири на плажите.

Ќе уживате во таверните со одлична храна.

Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ...
„Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар...
„Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн...
„Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з...
Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб...
„Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де...
„Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...