Магични фотки од одморот на блогерски пар со трите деца низ Европа

Кристин и Коди се блогери кои успеваат да направат совршен спој од работата, семејството, љубовта, патувањето и задоволството.

magichni-fotki-od-odmorot-na-blogerski-par-so-trite-deca-niz-evropa-01.jpg

На Инстаграм може да ги најдете како codywestonandrew и hellofashionblog, а нема да останете рамнодушни на нивните совршени фотки од патувањата заедно со трите деца.

Коди е авантурист кој не пропушта адреналински искуства, а Кристин е повеќе посветена кон модата и убавината.

Двајцата редовно одговараат на сите прашања кои им ги поставуваат следбениците и се обидуваат да бидат нормални и што пореално да го прикажат нивниот живот на социјалните мрежи.

И покрај работата, тие успеваат да најдат време за патувања како пар, но и да им посветат доволно внимание на трите дечиња и да одат на заеднички, семејни патувања.

Mоментално тие се на летен одмор низ Европа, а досега ги посетија  Лондон, Позитано на брегот на Амалфи и Рим.

Следната дестинација им е Ибица, а постојано им овозможуваат на фановите да бидат во чекор со нивните авантури.

Фотките кои ги објавуваат на Инстаграм се навистина магични и ќе ве натераат да посакате да бидете на нивно место:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
„Јунскиот одмор во Неи Пори 2025-та - супер песочна плажа со плитко за деца, 5 евра лежалка со кафе,... Од совршени изгрејсонца и зајдисонца до широка и долга плажа совршена за детски ...
„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“ „Бев сместена во стариот град на Бари, оној најавтентичниот, каде што преку проз...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg