Работи кои секогаш треба да ви бидат спакувани во рачниот багаж кога патувате со авион
Независно дали одите на краток или долг лет, секогаш ви се потребни неколку предмети кои треба да бидат во ваша близина.
Откажани летови, промена на времето, празнење на батеријата на мобилниот и слични проблеми се многу чести, за кои треба да имате брзо решение.
Затоа, имајте на ум некои работи и секогаш пакувајте ги во рачниот багаж за да ви бидат при рака.
Погледнете кои работи секогаш треба да бидат со вас кога летате (некои во куферчето/торбата, други во малото чантиче до вас или во рака):
Наполнети екстерни батерии и полначи за електронските уреди
Средство за дезинфекција на раце
Слушалки за да се чувствувате попријатно ако има бучава
-->
-->
Ужина како протеински бар или нешто слично за секој случај
-->
Шише со вода
Маска за очи за мирен сон
Шал или марама за во случај да ви стане ладно или да е ладно каде што ќе слетате
Книга за во случај на одложен лет, да не мора цело време да го поминете на телефон
Четка за заби и паста за освежување во случај на долго чекање измеѓу летови
Комбинација од чиста облека за пресоблекување која ќе ја ставите најгоре за секој случај
М. М. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците
„За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“....