Проколнати места во светот од кои ќе ве полазат морници

Помеѓу вистинските љубители на патувањето има такви кои сакаат да посетат необични локации. Некои сакаат да одат таму и да изведуваат секакви екскурзии на мозокот, други да спроведуваат сосема поразлични замисли, а ги има и оние, иако во мал број, кои сакаат да го потхранат стравот во себе и да посетат места кои се сметаат за проколнати.

prokolnati mesta vo svetot od koi kje se isplasite 1

Колку и да не веруваме во овие мистерии или како што некој ги нарекува бабини деветини, на крај барем ни станува интересна приказната што ја слушаме за локациите, а посебно филмот што самите си го проектираме во главата.

Во продолжение следува листа на објекти низ Европа, кои се поврзани со некои мистериозни настани, трагични ситуации или паранормални работи. Барем така велат изворите…

Повеглија, Италија

За островот Повеглија, во близина на Венеција се пишувало многу низ историјата. Го нарекуваат со различни имиња, но најпознато е по името крвавиот остров.

На времето островот служел како место за протерување на криминалци, ментално болни луѓе, или на заразените и починатите од чума. 

prokolnati mesta vo svetot od koi kje se isplasite 4

Повеглија со текот на годините се претворил го гробишта, за кои и до ден денес кружат различни мистерии.

prokolnati mesta vo svetot od koi kje se isplasite 7

Château Miranda, Миранда

Овој замок се смета за еден од најморбидните во Европа. Поразлично не се ни очекува, кога целосно е демолиран. Датира од 1800 година, а во 1950 година во него биле сместени ментално болни луѓе. 

prokolnati mesta vo svetot od koi kje se isplasite 6

Денеска Château Miranda е целосно демолиран, со извадени прозорци и врати, откорнат паркет… и е тешко достапен за посета, поради обезбедување што секој ден патролира наоколу.

prokolnati mesta vo svetot od koi kje se isplasite 5

Замокот Wolfsegg, Германија

Навидум убав замок во Баварија, но неговата историја е доста мрачна. Првите необични настани се појавиле на почетокот од 1500 година, кога сопственикот дознал дека неговата жена има љубовник и организирал да ја убијат. 

prokolnati mesta vo svetot od koi kje se isplasite 3

Првите посетители сведочат за женски вресоци кои допирале од ќелиите, а имало и такви кои со свои очи забележале женски привид во бел фустан…

prokolnati mesta vo svetot od koi kje se isplasite 8

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg