Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 земји во кои доволни ви се само 25 евра дневно

Nomadic Matt е познат блогер кој ја напуштил својата канцелариска работа за да го пропатува светот. Денес тој има милиони следбеници со кои ги споделува неговите авантури, но и дава совети за поевтино, поедноставно и подобро патување.

drzhavi-shto-mozhete-da-gi-posetite-za-pomalku-od-25-evra-dnevno-01.jpg

Неодамна тој составил листа од држави каде додека престојувате, ќе трошите помалку од 25 евра на ден.

До некои држави патот може навистина да ве чини повеќе, но штом ќе стигнете таму, речиси и да нема да потрошите ништо.

Па доколку сакате поевтино патување, погледнете ја листата во продолжение:

Тајланд

Без разлика што Тајланд е популарна дестинација, тамошните цени останале релативно ниски. Доколку ги избегнете најпопуларните острови, без проблем можете да живеете со 2 до 4 евра на ден. 

За едноставна соба ќе ви бидат потребни од 5 до 8 евра, а можете да купите оброк за 4 евра.

Пијалаците се поскапи, но и во овој случај имате избор за околу 2 евра. За да заштедите повеќе, користете го јавниот превоз.

drzhavi-shto-mozhete-da-gi-posetite-za-pomalku-od-25-evra-dnevno-02.jpg

Бали

На јужниот дел од Бали ќе најдете поевтино сместување за разлика од другите држави и ноќевањето ќе ве чини околу 8 евра. Летовите се можеби долги и скапи, но штом ќе стигнете таму, ќе истрошите многу малку.

Локалните јадења се поевтини од 8 евра, а се нудат активности, како нуркање, за 6-7 евра. Доколку сакате уште поевтин одмор, посетете ја внатрешноста на државата.

drzhavi-shto-mozhete-da-gi-posetite-za-pomalku-od-25-evra-dnevno-03.jpg

Грција

Доколку го посетите Миконос надвор од сезона, можете да поминете навистина евтино. Можете да најмите скромна соба за околу 14 евра од ноќ.

Патувањето во септември е најдобро бидејќи морето уште е топло, а ноќите се малку постудени. Цената на гирото е околу 3 евра.

drzhavi-shto-mozhete-da-gi-posetite-za-pomalku-od-25-evra-dnevno-06.jpg

Централна Америка

Освен Белизе, Костарика и Панама, Централна Америка е релативно евтина и ќе ви бидат потребни околу 25 евра на ден. 

Во Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва и Гватемала можете да најдете сместување за помалку од 10 евра, оброк за 5 евра и пиво за помалку од 1 евро.

drzhavi-shto-mozhete-da-gi-posetite-za-pomalku-od-25-evra-dnevno-04.jpg

Унгарија

Во Будимпешта имате многу за разгледување, но и многу забава. Можете да најдете хостел за помалку од 10 евра дневно, а приватното сместување е дупло поскапо.

Можете да најдете евтина варијанта за ручек од околу 2 евра. Дневната карта за јавен превоз е 5 евра и можете да ја користите 24 часа за трамвај, автобус или метро.

drzhavi-shto-mozhete-da-gi-posetite-za-pomalku-od-25-evra-dnevno-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
5 места низ Македонија кои може да ги посетите за викенд, според наш туристички водич (видео) Ако сакате да тргнете на еднодневна прошетка низ Македонија, или да заминете на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg