Неверојатниот подвиг на еден Jутубер: Пат до 7-те светски чуда за 7 дена

Потоа летал два часа со авион до Јордан, каде што го посетил градот Петра.

Овде преноќил во пештера на бедуин, и според него, тоа било најдоброто спиење во неговиот живот.

Од Јордан, се упатил кон Њу Делхи, Индија. Од аеродромот се возел 4 часа со такси за да стигне до Таџ Махал.

Следниот лет на Сајмон бил од Њу Делхи до Пекинг, Кина. И овој пат, од аеродромот, веднаш се упатил кон светското чудо - Големиот кинески ѕид.

Кога летал од Пекинг кон Канкун, Мексико, налетал на неколку проблеми бидејќи минувал низ Лос Анџелес, но немал американска виза. Сепак, проблемот се решил и Сајмон стигнал во Мексико за да го види неверојатниот град, Чичен Ица.

Од Мексико, Сајмон летал до Бразил, каде што требало да го види последното светско чудо – статуата на Исус Христос Искупителот.

Сајмон изјавил дека искуството навистина било заморно.

„Не спиев добро на авионите и кон крајот бев преморен.“

Сепак, тој смета дека сето ова вреди.

„Ако не пробате нешто, никогаш нема да дознаете дали е возможно. Ќе ви се случат разни работи по пат, ќе сретнете случајни луѓе по пат, кои не сте ги зеле предвид.“

Исто така, Сајмон додал дека тоа што имал толку малку време да им се восхитува на знаменитостите, не му претставува проблем.

„Го видов чудото, запознав одлични луѓе кои ми покажаа наоколу. Дали сакам да се вратам на некои места? Дефинитивно. Дали сакам да останев подолго за она што бев дојден? Не. Се чувствував исполнето. Сакав да направам нешто и го направив.“

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg