Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Европски градови кои се најубави во есен

Есента само што не нè прегрнала со двете раце. Сонцето полека полека престанува да не дружи, а листовите од зелени стануваат жолти.

FotoJet (8)_630x340.jpg

Денот е се пократок а џемперите се подебели. Насекаде се чувствува еуфоријата за есента која не обзема.

Со завршувањето на летото не треба да завршат и вашите авантури низ светот. Многу Европски градови се најубави токму во есен.

Доколку и вие сте љубител да шетате по патеки полни со суви, крцкави лисја под вашите нозе, погледнете некои од нашите предлози:

Берлин, Германија

Берлин е град преполн со паркови и шуми полни со дрвја, а тоа е доволно за да го разбуди кај вас духот на есента, па ако сте за кратко патување во кое сакате вистински да ја почувствувате есента, топло ви го препорачуваме токму овој град.

FotoJet (1)_630x340.jpg

Будимпешта, Унгарија

Во Будимпешта на есен се одржуваат двата од поголемите фестивали во Унгарија. Тие се одлична прилика за да ја пробате нивната традиционална кујна, а разнобојните паркови преплавени во боите на есента ќе ви помогнат  да го разбудите детето во вас.

FotoJet (2)_630x340.jpg

Прага, Чешка

Прага е еден од поубавите Европски градови. Но, во есен е вистинското време за таа да се посети и да се ужива во неа од перспектива на Прашкиот замок. Исто така доколку сте љубител на добро и квалитетно вино, есента е вистинското време за да го посетите овој град.

FotoJet (3)_630x340 (1).jpg

Париз, Франција

Градот на светлината е секогаш добра идеја за дестинација, но во есен неговата романтичност испливува да површината. Прошетајте низ градините на Луксембург и опијте се од нивната убавина.

А, доколку сте љубители на уметноста, во октомври во Париз се одржува фестивалот на уметноста кој трае од зори до мрак. Па затоа што чекате? Веднаш букирајте карта за Париз.

FotoJet (5)_630x340.jpg

Амстердам, Холандија

Есенскиот период е полн погодок доколку одамна сте планирале да го посетите Амстердам. Неговата магија не може да остане незабележана во есен.

Парковите и каналите се преплавени со златни лисја кои го обојуваат целиот град, а мирисот на пита од јаболко се чувствува на секаде.

FotoJet (6)_630x340.jpg

Единбург, Шкотска

Доколку не сакате многу врева и гужва, за вас вистинскиот избор е Единбург. Во него ќе можете да поминете викенд во кој навистина ќе се релаксирате. Градот е богат со средновековна архитектура која во есен е уште поубава благодарение на боите на есента.

FotoJet (7)_630x340.jpg

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Есенската идила на Маврово и Бистра, со овци и златести полјани (фото) Распослани златести полјани, спокој и стадо овци... Есенски сцени кои ќе ве инсп...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg