Хотел на река во Шведска го има најубавиот поглед кон поларната светлина (фото)
Поларната светлина е една од најспектакуларните глетки и претставува незаборавно искуство за сите кои имале можност да ја доживеат.
Љубителите на патувања не ја пропуштаат шансата да ја искусат оваа магична глетка, па токму затоа новиот хотел во Шведска веднаш стана атракција.
Arctic Bath е првиот хотел кој „плови“ над реката Луле во Шведска и им нуди на гостите можност да уживаат во поглед кон природата и аурора бореалис.
Хотелот има уникатен дизајн, за кој добива бројни признанија, а ќе биде отворен за резервации од февруари, следната година.
Самиот хотел содржи продавници, бар и ресторан, а во секоја соба има сауна, покрај главната во средина на објектот, каде во лето гостите може и да се бањаат на отворено.
Кој не би посакал да ужива во овој уникатен хотел со поглед кон природата и поларната светлина?
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





