Инстаграм разгледници на блогерка која се откажала од работата за да патува низ светот

„Нема подобро нешто од тоа да го работиш тоа што го сакаш“ е мотото на младата блогерка од Шпанија, Дијана Мијаус. 

Izvonredni-fotografii-na-blogerkata koja-koja-ja-napushtila-svojata-rabota-za-da-patuva-niz-svetot povekje 630x340.jpg

Taa вели дека најубавото нешто што го поседува во својот живот е можноста да патува низ светот.

Првично својата работа ја гледала како голем предизвик во кој не знае што да очекува и за кој треба доста посветеност и волја, но на крајот нејзиниот труд вродил со плод.

Како личност која прошетала голем дел од земјината топка, смета дека нашата планета изобилува со разни убавини, секоја уникатна на свој начин и вредна за гледање.

Младата „травел“ блогерка вели дека ужива во истражувањето на нови земји и култури и никогаш нема да се замори од тоа.

„Ја напуштив мојата работа да патувам низ светот и сè уште не жалам за тој избор!“ - препознатлива изјава која се наоѓа на речиси секое нејзино интервју.

Секојдневно полнејќи го списокот на посетени држави, Дијана споделува извонредни фотографии на социјалните мрежи преку кои ги споделува своите искуства и импресии.

Покрај нејзините Инстаграм и Фејсбук профили, каде што можете да ја најдете како DianaMiaus, таа активно ја одржува својата блог страница.

На нејзиниот блог можете да ги најдете најдобрите совети за патувања, разни маршрути, прекрасни хотели и секако нејзината колекција на изложени фотографии од секоја посетена дестинација, кои можат да ви послужат како инспирација и со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Во продолжение ви прикажуваме некои од нив:

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...

Најчитани неделава