Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тајни што all-inclusive хотелите сакаат да ги скријат од туристите

Транспортот обезбеден од хотелот може да потрае

Доколку хотелот ви понуди бесплатен транспорт од и до аеродромот, не заборавајте да прашате за деталите.

Понекогаш автобусот разнесува гости низ повеќе хотели, па патувањето од 30 минути може да трае и неколку часа.

tajni-shto-all-inclusive-hotelite-sakaat-da-gi-skrijat-od-turistite-09.jpg

Детските атракции можат да чинат многу

Многу често all-inclusive хотелите рекламираат разни детски програми. Некои дури нудат и дадилки. Проблемот е што хотелите „забораваат“ да напоменат дека овие услуги се плаќаат дополнително.

Активностите на вода можат да бидат многу скапи

Доколку го отворите сајтот на некој all-inclusive хотел покрај вода, сигурно ќе забележите разни чамци, даски за сурфање и слично.

На прв поглед ќе ви изгледа како сето ова да следува во all-inclusive понудата, но во реалноста, најчесто овие активности се доплаќаат, и тоа по висока цена.

tajni-shto-all-inclusive-hotelite-sakaat-da-gi-skrijat-od-turistite-12.jpg

Пливањето може да биде забрането

Пред да им се израдувате на плажите и базените во хотелот, прашајте дали се дозволени за туристи.

Доколку хотелот е многу евтин, може да се наоѓа на место што е опасно за пливање. Истовремено, можно е плажата пред хотелот да биде загадена или, пак, да има премногу туристи.

Како и да е, однапред распрашајте се и истражувајте.

tajni-shto-all-inclusive-hotelite-sakaat-da-gi-skrijat-od-turistite-13.jpg

Одењето на плажа може да ве чини многу

Многу хотели наплаќаат дополнително за користење на нивните лежалки на плажа.

Не заборавајте да прашате дали во all-inclusive понудата се вклучени и лежалките.

Разгледувањето на градот може да биде скапо

Без разлика колку некоја држава е погодна за туристи, разгледувањето може да биде проблем.

Хотелите ќе направат сè за да ве задржат внатре, па ќе ви предложат понуди за разгледување со водич што се многу скапи. На крај, ќе немате друг избор освен да останете во хотелот.

tajni-shto-all-inclusive-hotelite-sakaat-da-gi-skrijat-od-turistite-15.jpg

Хотелите штедат на струја во собите

Кога ќе се сместите во собата, проверете го фрижидерот.

Многу туристи се жалат дека им се расипува храната во хотелските фрижидери. Причината за ова е тоа што обично фрижидерите се подесени на минимално ниво. На овој начин фрижидерот троши помалку струја, но не ја лади храната.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
5 места низ Македонија кои може да ги посетите за викенд, според наш туристички водич (видео) Ако сакате да тргнете на еднодневна прошетка низ Македонија, или да заминете на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg