Тајни што all-inclusive хотелите сакаат да ги скријат од туристите

All-inclusive хотелите се навистина популарни помеѓу туристите. Овие понуди изгледаат евтино и достапно, но сепак постојат некои тајни што хотелиерите успеваат да ги скријат дури и од најискусните патници.

tajni-shto-all-inclusive-hotelite-sakaat-da-gi-skrijat-od-turistite-01.jpg

Па доколку планирате да одите некаде со all-inclusive понуда, добро би било да ги знаете следниве нешта:

Исечените овошје и зеленчук се трик

Доколку сте платиле за ваква понуда, сигурно имате забележано дека масите често се декорирани со исечена лубеница, тиква, краставици… Но ова не е само декорација.

Наводно, овошјето и зеленчукот сервирани на овој начин привлекуваат повеќе внимание. Па, гостите јадат повеќе од него и помалку од другата храна на менито, а тоа е помал трошок за хотелот.

tajni-shto-all-inclusive-hotelite-sakaat-da-gi-skrijat-od-turistite-02.jp.jpg

Бифето влијае врз цените

All-inclusive хотелите се поделени во 3 категории – standard AI, medium AI и high AI. Секоја категорија нуди различни нешта и наводно треба да му помогне на туристот да го направи вистинскиот избор.

Но, секоја категорија има и различна цена, па им овозможува на хотелиерите да ги направат all-inclusive понудите поскапи.

Многу хотели штедат на храната

Неретко, во храната од all-inclusive понудите ќе најдете многу евтини состојки кои само се сервирани да изгледаат убаво. Покрај тоа, често се покажува дека поевтините хотели користат и храна со речиси поминат рок.

tajni-shto-all-inclusive-hotelite-sakaat-da-gi-skrijat-od-turistite-04.jpg

Морската храна понекогаш е од конзерва

Доколку сте љубители на морска храна, добро би било да го знаете овој „трик“. Во многу ситуации, готвачите користат конзервирана морска храна што ја киснат во пиво. На овој начин, морските плодови изгледаат свежо.

Во некои држави се служи ајкула наместо пастрмка

Во овие случаи дури ни дегустаторите на храна не можат да ја покажат разликата.

Во некои држави месото од ајкула е многу поевтино, па заедно со пастрмката сервираат и од него. За да се прикрие вкусот на ајкулата, готвачите го варат месото во солена вода, па нема ни да ја забележите разликата.

Реновирање

Хотелите речиси никогаш не ги известуваат гостите дека реновираат. Па, немојте да се изненадите ако во евтиниот хотел ве пречекаат мајстори.

За да го избегнете ова, секогаш прашувајте дали хотелот планира какви било реновирања во периодот на вашата посета.

tajni-shto-all-inclusive-hotelite-sakaat-da-gi-skrijat-od-turistite-07.jpg

Понекогаш попустите се поради природните незгоди

Многу често хотелите даваат одлични понуди, но во период кога има временски непогоди. На пример, во државите како Јапонија или Филипини, каде што земјотресите се честа појава, лесно ќе најдете поевтини понуди во вакви периоди.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg