Краток работен ден, патарини во град - Факти за Норвешка што сигурно ќе ве изненадат

12. Фотографијата во нивното CV мора да биде весела. На овој начин Норвежаните го привлекуваат вниманието на потенцијалните работодавци. Покрај тоа, никој не сака да види сериозно лице на фотографија од CV.

13. Одморот во Норвешка се плаќа во јуни, без разлика кога планирате да одите на одмор. Во текот на останатите месеци, вработените си ја добиваат вообичаената плата.

krato-raboten-den-i-5-nedeli-platen-odmor-fakti-za-norveshka-shto-sigurno-kje-ve-iznenadat-09.jpg

14. Во Норвешка многу се ценат рачните изработки. Што и да е направено рачно, се плаќа многу добро.

15. Норвежаните уживаат во удобноста, па секогаш гледаат да си го направат опкружувањето удобно. Ова важи и за нивните домови, и за јавните места.

krato-raboten-den-i-5-nedeli-platen-odmor-fakti-za-norveshka-shto-sigurno-kje-ve-iznenadat-05.jpg

16. Храната во Норвешка е навистина скапа. Просечната плата е 4.000 евра месечно. Келнерите заработуваат околу 2.000 евра, водоводџиите 3.500, а сметководителите околу 5.600 евра. Неделните трошоци за храна за 3-члено семејство најчесто се 180 евра.

17. Норвежаните имаат чуден став кон штедењето. Тие ретко бараат попуст кога купуваат стан, но без проблем ќе се извозат до Шведска за да купат поевтино вино.

18. Во Норвешка можете да ги вратите пластичните шишиња во продавницата, а за тоа да ви дадат пари. На секое шише пишува колку чини, а поставени се и посебни апарати во кои се ставаат шишињата и се добива сметка.

Според ОН, во Норвешка се рециклираат 97% од пластичните шишиња.

krato-raboten-den-i-5-nedeli-platen-odmor-fakti-za-norveshka-shto-sigurno-kje-ve-iznenadat-06.jpg

19. Жените се обидуваат да родат дете пред одредена дата. Интересно е што Норвежаните сакаат нивното дете да се роди пред 1-ви септември, најмногу за да има сигурно место во градинка.

20. Норвежаните одлично се грижат за нивните деца. Породилното отсуство е 9 месеци, а понекогаш може да трае и цела година. Потоа децата одат во градинка, а во првите недели со нив можат да одат и родителите.

krato-raboten-den-i-5-nedeli-platen-odmor-fakti-za-norveshka-shto-sigurno-kje-ve-iznenadat-07.jpg

21. Децата излегуваат надвор без разлика какво е времето. За нив е сосема нормално да си играат и на дожд. Се разбира, за ова носат водоотпорен мантил.

22. Обично децата си легнуваат пред 7 навечер. Наводно, повеќето Норвежани не знаеле од каде потекнува оваа „традиција“, но бидејќи нивните родители го правеле тоа, сметаат дека треба и тие.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...

Најчитани неделава