Магични локации од цртаните филмови на Disney што можете да ги посетите во реалноста
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 19-02-2020


Магични локации од цртаните филмови на Disney што можете да ги посетите во реалноста

Дизни приказните оставија трага во детството на многу деца ширум светот.

10-magichni-lokacii-od-crtanite-filmovi-na-Disney-shto-mozhete-da-gi-posetite-vo-realniot-zhivot 01 630x340.jpg

Кога подобро ќе размислиме, никогаш не е доцна за добра Disney приказна, која со своите фантастични моменти умее да нѐ прошета низ сета онаа добропозната, бајковита идила.

Но, дали некогаш сте помислиле дека некои од извонредните Disney локации навистина постојат? Југоисточна Азија, Баварија, Венецуела.. Преплет на инспирација.

Верувале или не, екипата на Disney го обиколи целиот свет со цел да ги пронајде совршените места кои всушност се инспирација за нивните бесценети дела.

Најдоброто нешто е тоа што и вие можете да ги посетите!

Во продолжение ви наведуваме десеттина од нив:

1. „Убавицата и ѕверот“

Во анимираната верзија на Disney од 1991 година „Убавицата и ѕверот“, малото гратче во кое живее Бел е инспирирано од калдрмните улици и дрвени куќи на Рикијехр (Riquewihr), прекрасно средновековно село, од источниот регион на Франција.

10-magichni-lokacii-od-crtanite-filmovi-na-Disney-shto-mozhete-da-gi-posetite-vo-realniot-zhivot 02 630x380.jpg

2. „Малата сирена“

Кога младата бунтовничка Ариел ја добива својата желба за слобода, таа се среќава и се заљубува во принцот Ерик, чиј замок е инспириран од Замокот де Чилон покрај Женевското Езеро во Швајцарија.

Аниматорите ги ископираа дури и дизајнираните детали, како шарените знамиња над нејзините кули.

10-magichni-lokacii-od-crtanite-filmovi-na-Disney-shto-mozhete-da-gi-posetite-vo-realniot-zhivot 03 630x380.jpg

3. „101 Далматинец“

Градината со рози во паркот Регент, Лондон е дом на над 12.000 различни видови рози.

Но, дали знаевте дека оваа прекрасна градина е исто така местото каде што далматинците Понго и Пердита за првпат се сретнуваат во оригиналниот анимиран филм „101 Далматинец“ од 1961 година?

10-magichni-lokacii-od-crtanite-filmovi-na-Disney-shto-mozhete-da-gi-posetite-vo-realniot-zhivot 04 630x380.jpg

4. „Пепелашка“ и „Заспаната убавица“

Пред да започне изградбата на Дизниленд во Калифорнија, Волт Дизни се упатил кон Европа за инспирација.

Додека бил таму, тој го посетил и се заљубил во замокот Нојшванштајн, кој се наоѓа на околу два часа возење, југоисточно од Минхен во Германија.

Подоцна тој бил искористен како модел за замоците во анимираните филмови „Пепелашка“ од 1950 година и „Заспаната убавица“, од 1959 година.

10-magichni-lokacii-od-crtanite-filmovi-na-Disney-shto-mozhete-da-gi-posetite-vo-realniot-zhivot 05 630x380.jpg

5. „Снежана и седумте џуџиња“

Во 1937 година, Дизни го издаде својот прв целосен анимиран филм, сè уште актуелниот „Снежана и седумте џуџиња“.

Се верува дека замокот бил моделиран по замокот Алказар де Сеговија, лоциран во историскиот град Сеговија во Шпанија.

10-magichni-lokacii-od-crtanite-filmovi-na-Disney-shto-mozhete-da-gi-posetite-vo-realniot-zhivot 06 630x380.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Низ фотки: 20 причини да го посетите Златибор во зима Златибор важи за едно од најбајковитите места во Србија, кое има многу што да по...
Порано биле канибали, денес не смеете да носите очила и шапки: 11 факти за животот на Фиџи Членовите на владата на Фиџи за некои официјални приеми облекуваат здолништа, а ...
6 најубави места во светот за кои не сте знаеле дека постојат Секогаш нé изненадува кога гледаме колку неоткриени убавини има нашата план...