Европски остров кој може да го посетат само 1.000 луѓе годишно – какви мистерии се кријат?

Средоземното море крие еден мал остров, идеален за криење на богатствата што наводно се таму. Сепак, тешко е да се поверува дека некогаш ќе можете да го пронајдете ова богатство…

Samo iljada luge mozat da go posetat ovoj misteriozen evropski ostrov sekoja godina 01

Имено, островот Монтекристо, кој го слави големиот француски писател Александар Дима во неговиот роман „Грофот Монте Кристо“, ја чува легендата за богатството што таму го скрил познатиот пират Барбароса.

Само илјада туристи годишно имаат дозвола да го посетат овој природен рај. Не мора ни да кажеме дека постои список на чекање, па ако се најавите сега, сметајте дека ќе го видите островот дури за неколку години. 

Монтекристо е дел од Националниот парк на тосканскиот архипелаг. Имајќи го предвид ова, јасно е дека италијанските власти не сакаат ловците на богатство да ја нарушат недопрената природа.

Точната локација и содржината на скриеното богатство остануваат мистерија, а гласините за островот како место за криење на пленот започнале пред стотици години, кога манастирот на островот почнал да се здобива со огромно богатство.

Samo iljada luge mozat da go posetat ovoj misteriozen evropski ostrov sekoja godina 02

Гледајќи на ова од денешна перспектива, ова не изненадува, бидејќи првата капела на островот била изградена уште во седмиот век, а подоцна донациите на богатите семејства помогнале во доградбата.

Сепак, некои луѓе веруваат дека Барбароса ги криел сите украдени скапоцености токму тука. Во секој случај, островот сигурно ќе биде место на легенди и мистерии долго време.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
Хрватот што ги посети сите земји во светот: „Спиев во најскапите хотели, но и во дупки од 1 евро и с... „Јадев во ресторани со Мишелин ѕвезди, но и на места каде што многу луѓе дури и ...
Фото-прошетка низ еден од најубавите манастири во околината на Скопје - ќе посакате да испиете кафе ... „До манастирот (за мене омилен во околината на Скопје) со нормално темпо, без фо...

Најчитани неделава