Шармантниот Гент – историско патување со многу пиво и вкусна храна

 Велат дека Белгија е преполна со интересни места за посетување, почнувајќи од Брисел со Европскиот парламент и бројните стрипови, Антверпен како историски град и еден од најголемите пристаништа во Европа, Бриж кој наликува на место од сказни, а од многумина е нарекуван и Венеција на север, па сè до шармантниот Гент.

sarmatniot gent istorisko patuvanje so mnogu pivo i vkusna hrana 8

Ова е град, кој почнал да се гради во средина на 7 век на местото каде што се среќаваат реките Лаје и Шелда. Од 11 до 16 век, Гент прераснува во еден од најважните градови во Европа за време на мрачните годините. Денес, овој белгиски град е преплавен со туристи, вкусна храна, голем избор на пиво и ќе ви овозможи историско патување на кое ќе се сеќавате со години.

Оние што често одат во Гент велат дека три дена се доволно за да се прошета градот. Онака, мераклиски да се истражи секоја уличка, без никакво брзање, кога ќе ти се посака да седнеш на пиво во некое кафуле и да не гледаш на часовникот уште колку време имаш пред да се качив во воз.

Да започнеме со овој неверојатен замок, Gravensteen, изграден во 1180 година, кој во последно време служи како музеј на оружје, каде покрај различни оружја кои се употребувале во војни има и справи за мачење од средновековието.

FotoJet2

Во непосредна близина на замокот се наоѓа уникатниот кварт Patershol, исполнет со многу ресторани и необични продавници.

FotoJet4

Тука е и мостот St Michael’s, кој го овозможува најшареноликиот поглед во Гент. Опкружени сте со интересна архитектура, а самиот мост води до Korenmarkt.

FotoJet1

Во Гент ќе имате можност да ја посетите и катедралата St Bavo’s, изградена во 11 век, како и камбанаријата во градот, висока 91 метар, која се смета за највисок објект во Белгија, а многу често ќе може да слушнете и тематски песни, како на пример оние од The Simpsons и Pirates of the Caribbean. Оваа камбанарија е заштитена од UNESCO. И навистина е кул што може да се качите на нејзиниот врв и да го доживеете Гент од една поразлична перспектива.

FotoJet5

И како за крај. Не заборавајте да пробате што е можно повеќе од белгиските пива, ги има илјадници. Верувам дека ќе го најдете вашиот омилен вкус!

FotoJet3

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Не е Мексико, Демир Капија е – Долината на кактусите е редок природен феномен во Македонија (фото) Кога се споменуваат кактуси во природа, честопати пред очи ни излегуваат егзотич...
„Зошто езерото Комо треба да го замените со Охрид?“ - Британска новинарка е восхитена од убавините н... „Пиејќи вино и грицкајќи закуски на сонце, повторно добивам чувство дека можеби ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg