Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


По борбата со ракот на сопругот Ману, Македонката Ивана повторно на пат околу светот со мотор

Македонката Ивана и Шпанецот Ману минаа низ сериозни животни предизвици, но повторно запловија во нова авантура. Овојпат не со еден, туку со два мотори ќе го обиколуваат светот.

po-borbata-so-rakot-na-soprugot-manu-makedonkata-ivana-povtorno-na-pat-okolu-svetot-so-motor-01.jpg

Ивана Чолаковска е Македонка која крстосувајќи го светот со мотор со нејзиниот сопруг Ману, кој е по потекло од Шпанија, доживеа светска слава.

Таа по завршувањето на Правниот факултет во Скопје замина за Куба, а во текот на 4 години, со мотор со саканиот минаа 5 континенти. Индија, Аргентина, Африка и Австралија беа само дел од местата што ги посетија.

Овие авантуристи со фотографии го документираа своето движење, а светот будно ги следеше.

Спиеја под отворено небо, се соочуваа со тропски болести, на моменти имаа оброци само од чај и леб, се движеа на температури од минус 20 до плус 50 Целзиусови степени.

Во 2017 година парот со музика беше дочекан во Македонија и сите беа нетрпеливи да чујат за уникатното искуство на Ивана.

За жал, по ова спектакуларно патување нејзиниот сопруг Ману се соочи со сериозна дијагноза рак на мочниот меур. По низа операции и третмани, тој се чувствува добро, оди на редовни контроли, а парот повторно собра храброст да замине на пат околу светот.

Овојпат и Ивана сама вози мотор, па авантурата ја започнаа во Португалија и Шпанија со два мотори.

Инаку, додека траеја третманите на Ману тие не се откажаа од патувањата и патуваа на поблиски дестинации со комбе.

Сепак, сега откриваат дека поради ситуацијата со корона вирусот локалните жители многу поинаку реагираат на нив. И додека порано ги дочекувале со ширум отворени раце и ги канеле на оброци во своите домови, сега се плашат од нив, па дури и ги пријавуваат во полиција кога ќе видат дека поставиле шатор.

Ивана повторно ја документира нивната авантура на Фејсбук профилот Around Gaia.

Фотки од нивната нова авантура, која започна неодамна:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет... Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...
Импресивни локации во Турција, за кои можеби не знаете дека постојат, а вреди да ги посетите Ѓобекли Тепе е најстарото мегалитско археолошко наоѓалиште во светот, а се ...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците „За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg