Разбијте ја монотонијата со патување низ Македонија: „Подвизи како Индијана Џонс, мрачни премини или есенски пејзажи“

Топлото време остана зад нас, но желбата да се патува и истражува никогаш не стивнува. Во овие моменти на човечка оттуѓеност, сите имаме потреба да го разбиеме секојдневието макар со некоја кратка прошетка на безбедно.

da ja razbieme monotonosta na sekojdnevieto so kratki patuvanja za pretstojniot vikend 7

Во продолжение од текстот ќе наведам пет локации низ Македонија, кои покрај тоа што се лесно достапни, а и познати за повеќемина од нас, можат да ни го направат последниот викенд од ноември уште попријатен. Заедно со сонцето и десетте степени што се најавени од метеоролозите.

Списокот на дестинации ќе го започнам со еден антички локалитет познат како Баргала на петнаесетина километри од Штип.

Локалитетот некогаш имал улога на римски воен логор, а откако бил срамнет до земја се преобразил во тврдина.

Јас кога го посетував местото бев во друштво на археолог, кој на виделина изнесе доста интересни приказни кои кружат за местото. Иако Баргала бил неколкупати ограбуван и опустошуван, сепак во ископаните остатоци се наѕира еден свет за кој не ни можеме да претпоставиме каков бил тогаш.

da ja razbieme monotonosta na sekojdnevieto so kratki patuvanja za pretstojniot vikend 2

Еден од моите омилени водопади се наоѓа во околина на Демир Капија, поточно во близина на селото Дрен и го носи името Копришки водопад.

Колку што ми е познато има две патеки до малиот водопад, една подолга и полесна, а друга пократка и понедостапна.

Во секој случај есенските бои на природата нема да ти дозволат да почувствуваш умор, секако ако не си од оние што не мрдаат ни со мал прст. Барем облечете се убаво оти имате прилично за пешачење.

da ja razbieme monotonosta na sekojdnevieto so kratki patuvanja za pretstojniot vikend 3

Мислам дека нема кој не го знае Лесновскиот манастир, ама колку пати и да го посетуваш никогаш не ти е доволно. Секогаш одново сакаш да ја погледнеш главната црква посветена на Светите Архангел Михаил и Гаврил.

Посебно доживување е ако има некој кој може на самото место да ти ги раскаже легендите за пустиникот Гаврил Лесновски. Житијата за овој светец, слушнати на тоа место како да те враќаат векови и векови наназад.

da ja razbieme monotonosta na sekojdnevieto so kratki patuvanja za pretstojniot vikend 5

Ако сте фасцинирани од подвизите на Индијана Џонс, тогаш локалитетот Пешти во близина на Велес може да ви го задоволи тој внатрешен порив.

Освен тоа местото е познато и како македонското Колорадо, така што подгответе удобни обувки и препуштете се на освојување на некои од бројните пештери. Иако, голем дел од нив се достапни само за искусни алпинисти.

Ако имате можност да се спроведете до пештерската црква Свети Никола, изградена пред повеќе од 600 години ќе помислите дека времето застанало. Тунелите и мрачните премини, оддаваат една посебна перспектива на сегашноста.

da ja razbieme monotonosta na sekojdnevieto so kratki patuvanja za pretstojniot vikend 4

Ако не си од Велес, секогаш ти е пријатно да шеташ во стариот дел од градот. Имаш чувство како уличките да рецитираат стихови кои будат носталгија во тебе. Барем јас така го доживеав тоа или можеби спомен-куќата на Кочо Рацин има големо влијание врз она што го почувствував таму.

Имам и интересен предлог, понеси ја со себе збирката поезија „Бели мугри“ на Рацин и пренеси се во светот на еден од најголемите македонски поети.

da ja razbieme monotonosta na sekojdnevieto so kratki patuvanja za pretstojniot vikend 1

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог дестинации во Македонија за незаборавни викенд доживувања (за вљубениците во природа) Каде ќе се патува викендов? Што ќе се прави? Ова се неколку прашања што сите пос...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
9 митови за Париз во кои веруваме поради филмовите и сериите Некои делови од Париз можеби мирисаат прекрасно од пекарите, но на многу места с...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg