Пипкањето на лебот на шведската маса се чини толку далечно – дали патувањата ќе се вратат во „нормала“?

Некако сите потајно се надеваме дека годинава ќе може полека да си го вратиме животот во нормала. Дека пандемијата со корона вирусот ќе стивне. Дека ќе може повторно безгрижно да се дружиме. Да патуваме. Да седиме во кафулиња и ресторани без да си ги дезинфицираме рацете на 10 минути.

pipkanjeto-na-lebot-na-shvedskata-masa-se-chini-tolku-dalechno-dali-patuvanjata-kje-se-vratat-vo-normala-01.jpgфото: pixabay.com

Убаво е барем на момент да мислиме дека ова е возможно. Но, дали навистина реалноста ќе изгледа вака? Да ги разгледаме можностите за патувања.

Ова се дел од работите кои ни изгледаат дека никогаш повеќе нема да бидат како што биле.

Шведска маса за појадок во хотели

Времето кога секој сам си сече леб, и во меѓувреме со сигурност пипка со прстите дали е доволно мек, редот за чекање палачинки, омлет, путерче – некако ни изгледа невозможно и нереално повторно да се практикува во скоро време.

Проверка и дезинфекција на собата

Дали мислите дека некогаш ќе дозволите да не ги пребришете и дезинфицирате далечинските управувачи во собата, прекидачите за светло, кваките – сите оние предмети кои ги допираат сите гости?

pipkanjeto-na-lebot-na-shvedskata-masa-se-chini-tolku-dalechno-dali-patuvanjata-kje-se-vratat-vo-normala-02.jpgфото: pexels.com

Гужва по улиците од туристи

Венеција, Барселона, Париз, Дубровник, Рим – ова се градовите кои најчесто имаат проблем со масовноста на туризмот. Короната го спречи нивното преплавување со туристи.

Сигурно е дека првите неколку години бројот на посетители ќе биде помал.

Детски катчиња во хотели и ресорти

Би го оставиле вашето дете на неколку часа во затвореното детското катче во хотелот каде престојувате?

pipkanjeto-na-lebot-na-shvedskata-masa-se-chini-tolku-dalechno-dali-patuvanjata-kje-se-vratat-vo-normala-03.jpgфото: pexels.com

Патување со авион

Замислете да летате со авион, а да не ја пребришете масичката за вашиот оброк. Безгрижно да ги листате авионските списанија.

Да си ја потпрете главата во спиење на човекот кој седи до вас. Да се „гужвате“ во редот за влез во авион. Некако сето ова изгледа навистина далечно.

Факт е дека патувањата ќе се проретчат и ќе бидат поинакви.

Веројатно ќе заживее „бавниот туризам“ во кој луѓето нема да брзаат да видат што повеќе места и туристички атракции, повеќето ќе се врзуваат за една локација, помирен одмор и избегнување на можни турканици од луѓе.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Од Скопје има евтини летови до Неапол, но зошто туристите се разочарани од градот? Од Скопје има евтини летови до Неапол, а овој италијански град се смета како доб...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...

Најчитани неделава