Сурова, но нереално прекрасна убавина – Курилските острови нудат восхитувачка глетка (фото)

Овој живописен архипелаг е предмет на децениски (а некои би рекле и вековен) спор помеѓу Русија и Јапонија. Ова место со вонсериска убавина воедно е и сурово опкружување за луѓето.

Kurilski-ostrovi-01.jpg

Замислете зелени острови со вулкани, гејзери, езера со врела вода, црн песок, бескрајно, тиркизно синило, планини … огнениот архипелаг кој го одзема здивот со причина е предмет на несогласување и битка.

Архипелагот познат како Курили е составен од 56 острови распослани во Тихиот океан подредени од рускиот полуостров Камчатка до јапонскиот остров Хокаидо.

Јужниот дел од Големата Курилска низа сè уште претставува пречка во односите помеѓу Русија и Јапонија. Москва и Токио сè уште не можат да се договорат околу прашањето кому во иднина ќе му припаднат дел од островите. Сепак, политичките тензии околу островите слабо влијаат на животот на локалното население и тој веќе со децении се одвива без значајни промени.

Курилските острови имаат вулканско потекло. Многу села, па дури и помали градови, се наоѓаат буквално на падините на активни вулкани. Честите земјотреси, цунами и ерупции на вулкани повеќепати ги имаат принудено жителите на островите да ги напуштат своите домови. Поради тоа островите се преполни со напуштени куќи.

Секоја година, Курилските острови ги посетуваат голем број на туристи, иако патувањето до нив е едно од најскапите во Русија. Станува збор за голема оддалеченост, но во моментот кога ќе фрлите поглед кон овие неверојатно убави предели ќе ја оправдате цената на патувањето.

Глетката на Курилските острови е восхитувачка убавина која го одзема здивот:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Не е Кариби, Халкидики е: Најубавата плажа во Европа за 2025 одзема здив со рајска убавина Глетката од птичја перспектива одзема здив со уникатната формација поделена во д...
Фото-прошетка низ еден од најубавите манастири во околината на Скопје - ќе посакате да испиете кафе ... „До манастирот (за мене омилен во околината на Скопје) со нормално темпо, без фо...

Најчитани неделава