„Ми недостасува да го спакувам животот во ранец и да заминам низ светот на 3 месеци како некогаш...“

Ако порано проверувавме дали сме го понеле пасошот, сега низ џебовите пребаруваме каде ни е маската. На сите ни е преку глава од целава ситуација, ама колку и да очекуваме разрешница, никако да се појави дента кога ќе ги отстраниме маските од лицето, безгрижно ќе ги прегрнеме најблиските и нарамени со ранец ќе заминеме на патување.

situacii shto pocnavme da gi zaboravamae dodeka slobodno mozevme da patuvame 1

Верувам дека нè има повеќемина што почнаа да го забораваат чувството на слободно патување и сè она што пропратно доаѓаше со тоа.

Ми недостига да го спакувам целиот мој живот во еден ранец и да заминам по отворените патишта. Ранец потежок дури и од мене.

Сино-сивиот ранец сè уште стои на поткровје и го чека моментот за повторно спојување, помина речиси година дена кога последен пат беше од корист.

Можеби ранецот мисли дека е заменет со друг, ама имам чувство дека повторно ќе му се вратам. Тие спомени впиени во него не се заменуваат лесно.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

На секое патување му се намалува смислата, ако во него не се вклучени и други луѓе. Барем мене, запознавање на локалци и дружење со патници секогаш ми се наоѓа на врвот од списокот. Убавината е во споделувањето.

Се запознаваш во хостели, преку кауч-сурфинг платформата, во барови, на фестивали… Имам запознаено толку многу луѓе што не се сеќавам на сите, ама има поединци кои ги ќе паметам засекогаш.

Тоа се оние моменти на вкрстување на патиштата за да разбереш нешто за себе, и тие проблесоци најчесто се случуваат додека ти е тешко. Автостоперството од пред неколку години беше преполно со слични случки…

Неминовен дел од планирање на секое патување е и планирање на буџетот. Штедиш со месеци за да можеш да си го дозволиш тој благодат на себе.

Како помлад, знаев да поминувам со 600 евра три месеци низ Европа. Сепак, тоа беше од времето кога студирав. Не плаќав сместување, ниту превоз… Само за храна и забава.

Ако можам така да се изразам, ама приоритетите се менуваат. Тоа е и нормално. Во секој случај, ми фали моментот кога воочувам дека можам да си дозволам нешто што претходно не сум можел. Макар било вечера, посета на настан или нешто сосема трето.

Иако може ни доаѓа да излеземе од кожа кога се случува тоа, ама сите тежнееме да се вратиме во моментот на неизвесност дали ќе стигнеме да го фатиме превозот или не. Без разлика дали имаме лет за Берлин, Сиднеј, Хелсинки… или воз/автобус до Белград, кога се влечкаме и гледаме на часовникот дека сме кнап со време, проработува благата паника која не ни дава мир додека не седнеме на резервираното седиште. Еднаш во Москва ми избега авион, и сè би дал да се наоѓам во таа толпа и да го чекам наредниот за кој дополнително платив.

Понекогаш повеќе се чувствуваме како странци пред луѓето што ги знаеме, отколку кога ќе се најдеме сред непознати. Едно нешто што сигурно испарува од нас е чувството на слобода што патувањето го овозможува. Излегуваш од матрицата на рутината, се препушташ на нови искуства, можеш да правиш што сакаш и истовремено да бидеш она што навистина си. Затоа после секое патување, никогаш не се враќаме како иста личност.

Во кратки црти, време е да се вратиме во старата форма, а искрено се надевам дека ова лето барем до некаде ќе може да ни го обезбеди тоа.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Предлог дестинации во Македонија за незаборавни викенд доживувања (за вљубениците во природа) Каде ќе се патува викендов? Што ќе се прави? Ова се неколку прашања што сите пос...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
Адрпашко-Тепличките карпи во Чешка се пандан на нашата Куклица во кратовско, мистично и волшебно мес... Ова е најголемата групација на карпи во Европа, испреплетени во лавиринти. Издиг...
9 митови за Париз во кои веруваме поради филмовите и сериите Некои делови од Париз можеби мирисаат прекрасно од пекарите, но на многу места с...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg