5 извонредни хотели кои сосема излегуваат надвор од „комфорната зона“

Светот располага го огромен број на различни хотели, а сепак, секој од нив е уникатен на свој начин.

5-izvonredni-hoteli-koi-sosema-izleguvaat-nadvor-od-komfornata-zona 01 630x330.jpg

Постојат два вида на луѓе, оносно два типа на размислувања во врска со престојот при организирањето на патувања.

Првите се оние кои не придаваат огромно значење на местото каде што ќе преноќат, затоа што тие во буквална смисла го сфаќаат терминот „преноќувалиште“, така што остатокот од времето го планираат до последна секунда.

Другата страна пак, смета дека удобноста и квалитетот на местото каде што престојуваат зазема голем дел од целокупното искуство на годишните одмори и патувања.

Низ светот постојат навистина посебни, уникатни и необични хотели каде би сакале да преноќиме, без разлика на која категорија на луѓе припаѓаме.

Во продолжение ве водиме на прошетка низ најнеобичните хотели на Земјината топка, кои сосема ќе ве остават без зборови:

1. Ice Hotel – Шведска

Ледениот хотел вклучува огромни 6.000 квадратни метри прекриени со снег и мраз. Лоциран е на околу 13 километри од Кируна, во селцето Јукајашрви.

Секоја година во ноември мразовидниот хотел е „реставриран“ од уметници. Поради обемното одржување, овој хотел се смета за еден од најексклузивните во светот.

Посебен белег претставува црквата од мраз, каде што се одржуваат дури и свадби. Викенд во Ледениот хотел чини околу 1.000 американски долари, а околу 50.000 посетители секоја година редовно си резервираат една од ледените соби.

2. Giraffe Hotel – Кенија

Престојувањето во хотел со кротките, неодоливи жирафи во нивната природна средина е достапно само во Кенија. Со самото разденување, жирафите почнуваат да шетаат во близина на хотелот, бидејќи тие знаат дека набрзо следува појадокот.

Во менијата за гости, исто така е достапна и храна за жирафите и интересно е што долку една од нив е најадена, го отстапува редот на останатите.

Овој хотел ви обезбедува одлична интеракција со овие преслатки животни. Можете да ги галите, да ги фотографирате, а можеби и да добиете еден сочен бакнеж, во вид на благодарност.

3. Waldseilgarten Höllschlucht – Германија

Дали сакате да ја поминете ноќта надвор, под отворено небо? Спиењето на дрво може да ви го овозможи хотелот Waldseilgarten Höllschlucht, во Германија.

Тука можете да спиете во таканаречените „лебдечки“ шатори, кои се стационирани во густите гранки на дрвјата. Искачувањето и спуштањето е можно само со помош на јаже и патека за искачување.

Луѓето коишто преноќиле во овие неверојатни „соби“, велат дека го дочекале најпрекрасното изгрејсонце и го доживеале најубавиот, спектакуларен поглед кон планините падини.

4. Hotel Costa Verde – Костарика

Дали некогаш сте помислиле дека би можеле да ја поминете ноќта во Боинг 727 од 1965 година, кој е претворен во двособен, луксузен хотел за гости?!

Препознатливата форма на авионската надворешност е недопрена, додека внатрешноста е целосно трансформирана.

Хотелскиот авион нуди извонреден поглед кон џунглата и широко-распространетиот океан. Спалните соби имаат климатизација и секоја располага со своја бања.

5. Manta Underwater Room - Занзибар

Последниот хотел од листата плени со својата уникатност и ексклузивност. Верувале или не, во близина на брегот на Танзанија можете да имате спална соба под вода.

Хотелот е во одморалиштето Манта во Занзибар, покрај брегот. Сепак, без разлика дали сте на терасата, на покривот за сончање или пак во спалната соба, останувате во вода.

Подводната соба Манта е дефинитивно еден од хотелите коишто нема да сакате да ги напуштите за време на одморот.

Погледот на подводниот свет на Индискиот Океан е кристално чист, а вечета светлечките ламби придонесуваат атмосферата да е уште помагична. Во исто време, пригушеното светло има моќ да ги привлече срамежливите, морски животни, како октоподот.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg