Бродски дневник на Ивана: „Дали овој брод има потонато“ и уште 10 најглупави прашања кои сме ги добиле од гостите

Гостинка: „Каде спиете вие?“ Вработен: „Секоја вечер доаѓа хеликоптер и нè носи дома“. Следниот ден на рецепција, дотичната гостинка се пожалила дека не можела да спие поради бучавата од хеликоптерот кој ги враќал вработените на копно.

brodski-dnevnik-na-ivana-dali-ovoj-brod-ima-potonato-i-ushte-9-najglupavi-prashanja-koi-sme-gi-dobile-od-gostite-01.jpg

Работата на брод е забавна, но истоштувачка, добра заработувачка, но далеку од семејството, можности за шетање и патување, но со постојано гледање во часовникот за не избега бродот...

Работата на брод е една голема авантура, постојано талкање на нови места, колеги од сите страни на светот и секако гостите, тие се таму за да уживаат, а ние да им ги „исполниме сите желби“.

Да, има такви гости кои веруваат дека имаат право на сè и дека бродскиот екипаж се нивни слуги во текот на крстарењето.

Да, тие кои гласно викаат, „Ама јас платив, имам право“, кога им кажувам дека треба да ги платат фотографиите или кога мислат дека пијачките во бар се бесплатни.

Во принцип, кога купуваат крстарење, во пакетот имаат вклучено спиење и ручек и вечера во ресторан, и секако бафет или шведска маса во текот на денот до раните утрински часови.

brodski-dnevnik-na-ivana-dali-ovoj-brod-ima-potonato-i-ushte-9-najglupavi-prashanja-koi-sme-gi-dobile-od-gostite-02.jpg

И тоа е тоа, секоја чаша вода се наплаќа, секој сувенир, фотографија, масажа во спа-центрите... сè е екстра трошок.

Секако, постојат многу пакети кои вклучуваат пијачки, спа услуги и фотографии, но тоа се купува или пред почетокот на крстарењето или диреткно на брод.

Па, поради не читање на тоа што купиле, обично многу од гостите, длабоко се убедени дека имаат право на сè. А тие се најлоши, бидејќи се жалат за сè и сешто, јака им душа на оние кои работат на рецепција.

Во текот на годините кои ги поминав како фотограф на брод, а и од моите колеги и пријатели, слушнав многу смешки, анегдоти, нелогични барања и секако, глупави прашања од гостите.

Понекогаш се прашувам дали кога ќе стапнат на брод го исклучуваат мозокот па не можат логично да размислуваат, па најлесно е да го прашаат првиот вработен за најбудалестите работи.

Па, издвојувам листа на најглупавите прашања поставени од гости, но и креативните и иронични одговори од екипажот:

Гостинка: Каде спиете вие?

Вработен: Секоја вечер доаѓа хеликоптер и нé носи дома.

Следниот ден на рецепција, дотичната гостинка се пожалила дека не можела да спие поради бучавата од хеликоптерот кој ги враќал вработените на копно.

brodski-dnevnik-na-ivana-dali-ovoj-brod-ima-potonato-i-ushte-9-najglupavi-prashanja-koi-sme-gi-dobile-od-gostite-03.jpg

Гостин: Вие на брод спиете?

Вработен:
Да, обично нашите кабини се на третиот и четвртиот кат. Под вода.

Гостин: А имате прозорци во соба?

brodski-dnevnik-na-ivana-dali-ovoj-brod-ima-potonato-i-ushte-9-najglupavi-prashanja-koi-sme-gi-dobile-od-gostite-04.jpg

Гостинка: Водата во базенот е морска?

Вработен: Да, тоа е вода од морето која е филтрирана.

Гостинка: Во право си, затоа е разбранувана, исто како во морето.

brodski-dnevnik-na-ivana-dali-ovoj-brod-ima-potonato-i-ushte-9-najglupavi-prashanja-koi-sme-gi-dobile-od-gostite-05.jpg

Гостинка откако го виде капетанот како се шета низ бродот: „Ако капетанот се шета кој го вози бродот, дали тоа значи дека ќе потонеме?“

brodski-dnevnik-na-ivana-dali-ovoj-brod-ima-potonato-i-ushte-9-najglupavi-prashanja-koi-sme-gi-dobile-od-gostite-06.jpg

Гостинка која се жали на рецепција: „Платив прескапо за кабина со поглед на морето, а од кога сме дојдени гледам само паркинг“.

Вработен: Мадам сè уште сме на пристаниште и бродот е закотвен, кога ќе испловиме ќе имате поглед нa море.

brodski-dnevnik-na-ivana-dali-ovoj-brod-ima-potonato-i-ushte-9-najglupavi-prashanja-koi-sme-gi-dobile-od-gostite-07.jpg

Гостинка: Се обидувм да ја стоплам пицата во микробрановат печка во мојата кабина, но не работи.

Вработен: Во кабините нема микробранови печки.

Гостинка: Да имам, во мојот гардеробер, има бела врата и бројки.

Вработен: Тоа е Вашиот сеф.

Гостинка која чека лифт: Овој лифт е на нагоре или надоле?

Вработен: Само притиснете на кој спрат сакате да одите.

Гостинка: А значи како нормален лифт.

Гостинка во фото галерија: Толку многу слики, како ќе ги најдам моите?

Вработен: Па само барајте го Вашето лице.

brodski-dnevnik-na-ivana-dali-ovoj-brod-ima-potonato-i-ushte-9-najglupavi-prashanja-koi-sme-gi-dobile-od-gostite-08.jpg

Гостинка: Водата во тоалетите е солена?

Вработен: Не знам, се немам напиено.

Гостин: Дали овој брод некогаш има потонато?

Вработен: Не!

Гостин: Дали рибата е свежа?

Вработен: Секако, на брод сме!

Ова се оние кои за мене се најсмешни, секако има илјадници други, од гости кои бараат музиката во барот да е потивка, кои бараат на кратко да се вратат до автомобилот на паркингот иако бродот плови веќе два часа, се жалат зошто сателитскиот Интернет е толку спор, зошто фотографот не ги направил убави и слаби на фотографијата, дали екипажот смее да оди надвор од брод...

Има гости кои по екскурзијата на копно се жалеле што рушевините во Колосеумот во Рим биле во лоша состојба или си ги бараат парите назад зошто врнело цело време, а капетанот не ги предупредил.

Има и такви гости кои веруваат дека екипажот мора во секое време да знае во кој дел од океанот сме, кога ќе изгрее сонцетото или како се вика островот покрај кој минуваме.

Колега кој работи во Duty Free ми раскажа дека дошол гостин, си земал неколку шишиња скап алкохол и кога требал да плати, само одговорил, А па јас има all inclusive пакет за пијачки.

Десет минути му објаснувал дека тоа е пакет за во бар или ресторан, не важи за продавниците на брод.

Пар од Русија не сакаше да плати за лична фотосесија низ бродот, па ми рекоа само да сликам со нивниот телефон, откако одбив и му реков деka не смеам зatoa што сум вработена на бродот - се налути и почна да ме навредува. Морав да го викнам менаџерот, а Русинот упорно велеше дека не мора да го плати фотографот бидејќи ќе го користи нивниот телефон.

Секако, на ваквите прашања, ние, вработените, не смееме да одговраме иронично, нo понекогаш тоа е посилно од нас!

brodski-dnevnik-na-ivana-dali-ovoj-brod-ima-potonato-i-ushte-9-najglupavi-prashanja-koi-sme-gi-dobile-od-gostite-09.jpg

Ивана од Скопје има работено на брод 8 години. Моментално живее во Бразил, а по пандемијата повторно ќе продолжи со работа. Во наредниот период таа за CRNOBELO.com ќе споделува лични искуства и приказни од работата на брод.

Сите статии од серијалот „Бродски дневник“ може да ги прочитате ТУКА

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...
Забрана за пушење на плажа, казни за бучава - Шпанија од летово со нови правила за некултурните тури... При резервација задолжително се остава број на картичка, од каде ќе бидат повлеч...
Македонка што живее во Бразил: „Зошто сум воодушевена од здравствениот и образовниот систем во оваа ... „Најголем плус е што образовниот систем е бесплатен, а сите ученици имаат појадо...
Ивана од Скопје: „Го посетив Портофино - не беше магично како на Инстаграм“ Конечно го посетив овој италијански бисер. Бев премногу возбудена си ги замислув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg