„Живеам во Нов Зеланд 10 години - ме нервира влажноста, но вљубен сум во природата“
Денис Власин уште како дете сонувал да се пресели во Нов Зеланд и сега го живее својот сон. Тој открива детали од животот таму...
Денис Власин од Русија уште во средно училиште знаел дека еден ден сака да се пресели и да живее во Нов Зеланд. Тој со години читал за оваа земја и штедел пари за да го оствари својот план.
Во 2011 година Денис конечно се преселил во својата земја од соништата.
Тој споделува зошто ја обожава оваа земја, но и кои ѝ се мааните:
Прва и основна причина зошто ја обожавам земјата е неверојатната природа. Велат „Постојат многу убави земји на светот, но Нов Зеланд е како колекција од најубавите музички хитови“ и дефинитивно се согласувам со тоа.
Стандардот на живот е висок, луѓето се толерантни и пријателски настроени, чистотата е на највисоко можно ниво и сè е креирано во духот на удобноста на жителите.
-->
-->
Мана е големата влажност на воздухот, па на облеката ѝ е потребно подолго време да се исуши, а во некои куќи има проблем со молци. Цените се доста високи, има многу земјотреси и кога пливате во морето и океанот мора да внимавате на струите.
-->
Нов Зеланд е совршена земја за релаксирани, семејни луѓе и на кои природата им е поважна од забавите.
Впечатокот за земјата исто така многу зависи од тоа во каков дом живеете. Ако живеете во некоја студена зграда со слаба вентилација, тогаш локалната студена зима ќе ја доживеете лошо.
Уште 5 факти за Нов Зеланд на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“
„Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава?
Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...

Палати од мраз, огромни скулптури од снег: Зимски фестивал во Кина е како новогодишна бајка (фото+ви...
На фестивалот за скулптури од мраз и снег во Кина можете да видите огромни снешк...

Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина...
Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...

Празничната магија во Стразбур и еден од најстарите новогодишни базари, низ објективот на инстаграмџ...
Не залудно Стразбур е нарекуван „престолнината на Божиќ“ – овде ќе го видите нај...

Импресивни локации во Турција, за кои можеби не знаете дека постојат, а вреди да ги посетите
Ѓобекли Тепе е најстарото мегалитско археолошко наоѓалиште во светот, а се ...