Љубаништа – природна убавина каде што залезот на сонцето се „стопува“ во езерските бранови (фото)

Не сте летувале во автокамп во Македонија доколку не сте биле во кампот во Љубаништа „на времето“. Кампот за жал го нагриза забот на времето, па полека почна да пропаѓа и да се руинира. Останаа само убавите спомени од едни далечни, едноставни и безгрижни времиња.

Ljubanista-prirodna-ubavina-01.jpg

Но, добрите вести се дека плажата полека се средува, а и за кампот постои надеж дека ќе го врати некогашниот стар сјај. Па така, сите вљубеници во кампувањето ќе можат да ѝ се вратат на најубавата плажа на Охридското Езеро, онаа во славното Љубаништа.

Пејзажот е раскошен, од едната страна се издигнува планината, бујна и зелена. Додека пливате и погледот ви е свртен натаму, практично медитирате, совршен зен момент кој на сите ни е повеќе од потребен во стресното секојдневие.

Од другата пак, бистра вода до недоглед. И најубавиот залез на сонцето, каде што блескавиот жолт круг полн живот се стопува со езерските бранови додека целосно не исчезне.

Каква божествена убавина! Љубаништа, навистина си прекрасно.

Трпејца си е Трпејца, ама и Љубаништа е рај:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...

Најчитани неделава