„Иранска Кападокија“ – уникатно село каде што жителите живеат во издлабени вулкански карпи (фото)

Во Иран има мало древно селце кое денес е дом на околу 600 жители кои живеат во карпи претворени во удобни домови, од кои некои се стари повеќе од 700 години. Бидејќи премногу наликува на Кападокија во Турција, местото неретко е нарекувано и „иранска Кападокија“.

iranska-kapadokija-unikatno-selo-kade-shto-zhitelite-zhiveat-vo-izdlabeni-vulkanski-karpi-foto-01.jpg

Селото Кандован се наоѓа во северозападниот дел на Иран во областа Оску и поради уникатниот изглед е мошне популарна туристичка атракција.

Домовите се издлабени во вулкански карпи, слични на оние во Кападокија, па местото често е споредувано со атрактивната турска дестинација.

Но, Кандован е дефинитивно поинтересно место бидејќи издлабените домови сè уште се населени.

iranska-kapadokija-unikatno-selo-kade-shto-zhitelite-zhiveat-vo-izdlabeni-vulkanski-karpi-foto-10.jpg

iranska-kapadokija-unikatno-selo-kade-shto-zhitelite-zhiveat-vo-izdlabeni-vulkanski-karpi-foto-11.jpg

Домовите имаат од два до четири ката и наводно се многу издржливи, но и енергетски ефикасни.

Во текот на зимата, жителите не треба да трошат многу за греење, а во лето домовите остануваат ладни поради добрата изолација од карпите.

iranska-kapadokija-unikatno-selo-kade-shto-zhitelite-zhiveat-vo-izdlabeni-vulkanski-karpi-foto-02.jpg

iranska-kapadokija-unikatno-selo-kade-shto-zhitelite-zhiveat-vo-izdlabeni-vulkanski-karpi-foto-07.jpg

Не е познато како точно луѓето почнале да ја населуваат областа пред повеќе од 700 години, но постојат неколку забавни теории.

Пред многу, многу години, областа всушност била езеро. Кога водата од езерото се повлекла, на површината се појавиле карпите со необични форми.

Според една теорија, првите жители што се населиле во областа живееле на друго место во Иран, а доаѓале во Кандован во текот на летото. Овде почнале да копаат во карпите и да си прават летни домови.

Со текот на времето, сакајќи да го избегнат постојаното селење од едно на друго место, домовите во Кандован ги направиле постојани.

iranska-kapadokija-unikatno-selo-kade-shto-zhitelite-zhiveat-vo-izdlabeni-vulkanski-karpi-foto-08.jpg

Според друга теорија, првите жители првично живееле во село по име Hilevar, кое се наоѓало на околу 2 километри од Кандован. Кога Монголците го нападнале и уништиле нивното село, тие почнале да прават домови во Кандован и се преселиле таму.

iranska-kapadokija-unikatno-selo-kade-shto-zhitelite-zhiveat-vo-izdlabeni-vulkanski-karpi-foto-05.jpg

Според третата теорија, првите жители на Кандован биле воини од древни времиња. Наводно, ова место имало одлична стратешка позиција, па воините овде си правеле засолништа, копајќи во вулканските карпи.

Со текот времето, почнале и да живеат овде.

iranska-kapadokija-unikatno-selo-kade-shto-zhitelite-zhiveat-vo-izdlabeni-vulkanski-karpi-foto-14.jpg

Како што напоменавме, во селото живеат околу 600 луѓе во 168 семејства според попис од 2006 година.

Бидејќи местото станува сè попримамливо и за туристи, овде е отворен и хотел исто така ископан во карпите.

iranska-kapadokija-unikatno-selo-kade-shto-zhitelite-zhiveat-vo-izdlabeni-vulkanski-karpi-foto-16.jpg

iranska-kapadokija-unikatno-selo-kade-shto-zhitelite-zhiveat-vo-izdlabeni-vulkanski-karpi-foto-09.jpg

Денес во селото има и други градби, како куќички и мали продавници, но домовите издлабени во карпите остануваат недопрени од времето. 

iranska-kapadokija-unikatno-selo-kade-shto-zhitelite-zhiveat-vo-izdlabeni-vulkanski-karpi-foto-5.jpg

Повеќе фотки и видеа од Кандован на следната страница...



Би можело да ве интересира:

20 плажи во Европа кои вреди да ги посетите во 2022 Можеби сонувате за одмор во Тајланд или некоја друга егзотична дестинација, но ф...
На кои плажи и места во Грција морето е најтопло? Во Паралија, како и на островот Родос, има многу плажи каде што морето е многу т...
Не е за клаустофобични – живот под карпи во мистичен град во Шпанија (фото) Сместен на половина пат помеѓу Севиља и Малага, Сетенил де лас Бодегас е еден од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg