Гратче во Калифорнија каде што штиклите се забранети, а на кучињата сè им е дозволено (фото)

„Кармел на море“ (анг. Carmel-by-the-Sea) се смета за еден од најпрекрасните градови во Америка.

Karmel-na-more-bajkovito-gratce-vo-Kalifornija-01.jpg

Опкружен е со море и чемпреси кои оставаат неверојатен впечаток кај секој посетител и едноставно е невозможно да се остане рамнодушен на оваа глетка.

Жителите имаат посебна стратегија и правила со цел духот на градот да не се компромитира на никаков можен начин. Кармел на море се наоѓа на централниот брег на Калифорнија и зафаќа површина од 2.745 km2.

За да се избегне масовна урбанизација и градот да остане мал, жителите на Кармел на море донеле неколку неконвенционални закони.

Во овој град има ограничување на уличното осветлување, нема високи згради и нема означени бројки на куќите. Со цел полесно да се движат во текот на ноќта, жителите носат батериски ламби со себе.

Чемпресите ја диктираат модата

Градоначалниците одбивале да ги исечат големите чемпреси што ги опкружуваат улиците на Кармел, иако корените ги подигнале тротоарите. Нерамните патеки станале пречка за стилски облечените жени.

За да избегнат судски спорови со оние кои лесно можат да паднат и да се повредат додека одат на високи потпетици, Кармел е единствениот град во САД каде што штиклите се забранети.

Град на кучиња

Кармел е една од ретките општини во САД каде што кучињата се добредојдени насекаде. Дозволено им е да трчаат на плажа, а повеќето локални компании оставаат бисквити за кучиња пред влезовите.

Прекрасна архитектура

Кармел на море е град кој има неверојатна архитектура. Доминира шпанскиот стил, па затоа е невозможно да се остане рамнодушен на неверојатната глетка.

Булевар на зајдисонцето

Кога ќе дојде самрак, пријателите се собираат најчесто на плажата, со цел да уживаат во шоуто со светла кои се протегаат над Пацификот.

За жителите на Кармел кои немаат уметнички талент, овие зајдисонца се начин да бидат дел од долгогодишната уметничка репутација што ја има овој град.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
Мирно грчко летувалиште, со широка плажа и тиркизно Јонско Море – Врахос е совршено бегство од гужви... Ако барате тивко и мирно место, далеку од гужви и галама, но со широка песочна п...

Најчитани неделава