„Цел живот одев во евтино сместување преку Airbnb, а сега во хотел со 5 ѕвезди - што ме изненади најмногу?“

Хотелите даваат бањарки

Во трите луксузни хотели што ги посетив имаше бањарки за гостите.

Ова е одлично бидејќи кога престојував во други хотели во зима, морав да трчам од собата до џакузито само во костим за капење на многу ниски температури.

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-09.jpg

Во луксузните хотели секоја вечер ви ја подготвуваат собата за спиење

Во сите три хотели ме прашаа дали сакам да ми ја подготват собата за спиење.

Ова подготвување вклучува местење на креветот, фрлање ѓубре, заменување на крпите, а некогаш оставаат и по некое чоколатце.

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-10.jpg

Хотелите нудат многу бесплатни работи, како автомобили и опрема за планинарење

Луксузот што го нудат хотелите со пет ѕвезди се протега и надвор од хотелската соба.

Во едниот хотел ми дадоа опрема за одење по снег, а имаше и место за бесплатно изнајмување скии. Во другите два хотела имаше бесплатни автомобили за изнајмување.

Хотелите нудеа и бројни други работи, како достава на дневен весник, лекар, дадилки…

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-11.jpg

Во хотелите со пет ѕвезди обично има ресторани и продавници

Генерално, немаше потреба да ги напуштам хотелите за време на мојот престој.

Во сите хотели имаше ресторани, и тоа некои од најдобрите во градот. Веднаш до рестораните имаше продавници, книжара, па дури и уметничка галерија.

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-12.jpg

Ќе треба да потрошите повеќе од она што сте го платиле за преноќување

Од моментот кога стигнав, во хотелите имаше личност што ми го паркира автомобилот, личност што ми ги однесе куферите во собата, хигиеничарки…

Во луксузните хотели се очекува да им дадете бакшиш на вработените, а ова набрзо може да достигне висока сума кога ќе земете предвид колку луѓе ви помагаат.

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-13.jpg

Ако можете да си дозволите, престојот во луксузен хотел е прекрасно искуство

Пред оваа авантура, ги гледав хотелите само како место за спиење. Но, сега мислењето ми се промени.

Без разлика дали си лежам во џакузито, јадам нешто вкусно во ресторанот или нарачувам нешто за во собата, самиот хотел е искуство за себе.

Сепак, луксузните хотели не можат да си ги дозволат сите, дури ни јас. Па, за следните патувања ќе си се држам до Airbnb.

prvpat-bev-vo-hotel-so-5-dzvezdi-shto-me-iznenadi-najmnogu-14.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Хрватот што ги посети сите земји во светот: „Спиев во најскапите хотели, но и во дупки од 1 евро и с... „Јадев во ресторани со Мишелин ѕвезди, но и на места каде што многу луѓе дури и ...
Новогодишната магија во Париз започна – елката во Галерија Лафајет е како завиткан подарок (фото+вид... Вчера блесна елката во Галеријата Лафајет во Париз и официјално започна божиќнат...

Најчитани неделава