„Бев на патување во Анталија – зошто топло ја препорачувам како дестинација за одмор?“
Одлична забава за сите возрасти и место каде секој член од едно семејство ќе најде соодветно катче за себе.

Пречекот таму, нормално, е обоен во најшарените бои, ве послужуваат со гумени бонбончиња и вие влегувате во светот на бајките. Ќе минете ден од оние кои долго се паметат и за кои со задоволство се раскажува.

Патувањето со автобус низ цел овој реон за нас беше уникатно искуство, затоа што одблиску можевме да го доживееме секој негов дел и секој од нас да си избере омилена дестинација за одмор за претстојната летна сезона.

Се зближивме неверојатно, а веќе се планира и нова средба, па и патување, зошто да не?

Анталија, „Fibula Travel Macedonia“ и „Turkish Airlines“ чекаат на вас! Само одберете тајминг.
Сезоната на капење во Анталија веќе е отворена, а мирисот на лето се чувствува на секој чекор.

И за крај уште неколку причини зошто ме воодушеви Турција:
Имаат автомати каде ставате монети и излегува храна за бездомните мачиња и кучиња:

Имаат најшарени и најживописни сувенири:

Со задоволство ќе ви приредат турска вечер за да ви ги прикажат нивните специјалитети:

Ќе ве испочитуваат како ретко кој:

Ќе ве почестат со кафе сварено на песок:

Ресортите имаат надворешен простор кој наликува на ботаничка градина:
