Нереалната убавина на Гренланд низ фотки - место кое може да биде уништено во блиска иднина

Најслабо населеното место на светот има спектакуларна убавина која за жал може да исчезне. Мразот се топи интензивно и критичната состојба што беше прогнозирана за 2070-та ја имаме денес.

nerealnata-ubavina-na-grenland-niz-fotki-mesto-koe-mozhe-da-bide-unishteno-vo-bliska-idnina-01.jpg

Гренланд е секоја година сè потопол, мразот се топи побрзо од порано и состојбата во која се наоѓа сега е состојба која беше предвидена за 2070-та година.

Но, за жал темпото на топење е 50 години побрзо од предвиденото и глечерите исчезнуваат, а ова место може да изгледа сосема поинаку во блиска иднина.

На Гренланд се наоѓа малото гратче „Ilulissat“, со популација од околу 5.000 жители, и таму во последно време се истовараат десетици бродови со илјадници туристи.

Туризмот цвета и Гренланд е попосетен од кога било.

Гренланд е остров во Северниот Леден Океан и автономна земја во рамките на Кралството Данска. Најблиски земји до Гренланд се Исланд на исток и Канада на запад.

Гренланд е најголемиот остров во светот и најслабо населената држава, односно зависна територија, во светот.

Нереалната убавина на Гренланд низ фотки:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Не е Кариби, Халкидики е: Најубавата плажа во Европа за 2025 одзема здив со рајска убавина Глетката од птичја перспектива одзема здив со уникатната формација поделена во д...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...

Најчитани неделава