Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


„Бев на 7-дневно крстарење со најголемиот крузер на светот – 10-те најголеми грешки што ги направив“

„Иако беше надреално да бидам на огромен брод среде океан, направив некои грешки што ми го направија патувањето поскапо и полошо отколку што треба“.

bev-na-7-dnevno-krstarenje-so-najgolemiot-kruzer-na-svetot-10-te-najgolemi-greshki-shto-gi-napraviv-01.jpg

Џои Хаден од САД отишла на патување со крузер, и тоа на најголемиот брод од овој тип – Royal Caribbean’s Wonder of the Seas. Бродот пловел до Хондурас, Мексико, како и приватен остров на Бахамите.

Бидејќи ова ѝ било прво патување со крузер, Џои не знаела многу работи, но во текот на 7-дневната авантура успеала да си ги воочи грешките.

Џои вели дека поради овие грешки непотребно потрошила повеќе пари, а сигурна е доколку не ги направела, целото искуство ќе било многу подобро.

„Иако беше надреално да бидам на огромен брод среде океан, направив некои грешки што ми го направија патувањето поскапо и полошо отколку што треба. Сфатив дека патувањето со крузер не е одмор во мој стил, но ако ги избегнев овие грешки, веројатно би ми било многу поубаво“.

За Insider, Џои ги споделува 10-те грешки со надеж дека ќе им помогне на другите подобро да го испланираат патувањето со крузер од неа.

Во продолжение искуството на Џои:

Закажувањето 7-дненвно патување за прво одење на крузер беше многу амбициозна одлука

Патувањата со крузер можат да траат од три ноќи, до неколку недели, па дури и месеци. Кога го закажав патувањето, сметав дека една недела ќе биде доволно.

Иако на почетокот бев возбудена за патувањето што претстои, на бродот имав проблеми со спиење и морска болест.

До четвртиот ден чувствував дека сум подготвена да си одам дома.

Бидејќи патувањето со крузер беше ново за мене, посакувам за првиот пат да закажав пократко патување.

bev-na-7-dnevno-krstarenje-so-najgolemiot-kruzer-na-svetot-10-te-najgolemi-greshki-shto-gi-napraviv-02.jpg

Отидов сама, но следниот пат би патувала со друштво

Должината на патувањето би била поиздржлива ако имав пријател со мене.

Иако имаше многу активности и пријателски настроени патници, сепак се чувствував осамено. Посакував да разговарам со личност која ме познава.

Тоа што бев опкружена со многу семејства и групи пријатели ме натера да посакам и јас да бидам опкружена со моите.

bev-na-7-dnevno-krstarenje-so-najgolemiot-kruzer-na-svetot-10-te-najgolemi-greshki-shto-gi-napraviv-03.jpg

Склона сум кон морска болест и незнајно закажав соба каде што движењето на бродот се чувствуваше најмногу

За 2.000 долари, поминав седум ноќи во соба од 16 метри квадратни. Мојата кабина имаше приватен тоалет, голем кревет и поглед кон океанот.

Бидејќи собата се наоѓаше на почетокот од палубата, постојано чувствував движење. По разговорот со неколку искусни патници, сфатив дека предниот дел од бродот е најлош и најмногу се чувствува движењето.

Ми кажаа дека собите на повисоките катови во средината на палубата се постабилни.

Следниот пат ќе закажам соба во средината.

bev-na-7-dnevno-krstarenje-so-najgolemiot-kruzer-na-svetot-10-te-najgolemi-greshki-shto-gi-napraviv-04.jpg

Ако имав тампони за уши, можеби ќе спиев подобро

Бидејќи некои ноќи имаше голема врева, беше речиси невозможно да заспијам.

Една вечер вревата беше толку силна, што решив да си легнам со слушалки.

bev-na-7-dnevno-krstarenje-so-najgolemiot-kruzer-na-svetot-10-te-najgolemi-greshki-shto-gi-napraviv-05.jpg

Заборавив да земам кеш кој е потребен за бакшиш за возачите на автобус и водичите на екскурзиите

Морате да понесете кеш на патувањата со крузер.

На вработените на бродот можете да им давате бакшиш со картичка, но ќе ви треба кеш за бакшиш за возачите на автобус и туристичките водичи на копното.

На бродот има банкомати, но земаат провизија ако извадите пари.

bev-na-7-dnevno-krstarenje-so-najgolemiot-kruzer-na-svetot-10-te-najgolemi-greshki-shto-gi-napraviv-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бродски дневник на Ивана: „По 2 месеца карантин на отворено море, 9 вработени го напуштија бродот бр... „Во продавниците на бродот снема кондоми, девет бремени од екипажот си заминаа, ...
Низ објективот на Евгениј Хоуп: „Македонија ја заменив за Малдиви на неколку месеци – подводниот све... „Кога скокнав во вода и се завртев имаше над триесеттина ајкули кои се бореа да ...
20 плажи во Европа кои вреди да ги посетите во 2022 Можеби сонувате за одмор во Тајланд или некоја друга егзотична дестинација, но ф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg