Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Една од најубавите плажи со тиркизно море во Албанија за 2022, според TripAdvisor (фото)

Малиот песочен рај скриен помеѓу карпи, со бесконечен поглед кон кристално чистото азурно море, се наоѓа помеѓу Ксамил и Саранда, а се нарекува „плажа од огледало“, затоа што сонцето создава магична рефлексија. 

edna-od-najubavite-plazhi-so-tirkizno-more-vo-albanija-za-2022-spored-tripadvisor-foto-01.jpg

Саранда и Ксамил се едни од најпопуларните градови за одмор на албанската ривиера, но исто така и се преполни со туристи.

За оние кои сакаат да бидат сместени во овој предел, а сепак имаат потреба од мир и рајски убавини, плажата Мирор е како од бајките - се наоѓа на 10 минути возење од Ксамил, а 15 од Саранда. 

Сместена е помеѓу огромни карпи, што прави да изгледа како мал скриен рај само за вас, со бесконечен поглед кон азурното море.

Наречена е Plazhi Pasqyra (Mirror beach), што во превод значи „плажа од огледало“, затоа што во текот на денот сонцето се рефлектира во морето и светлината прави да изгледа како сјајно огледало со магичен ефект.

Морето е кристално чисто со силна тиркизна боја, плажата е песочна, а природните убавини со кои ќе бидете опкружени се едноставно неверојатни.

Убавините на овој мирен рај во Албанија, низ објективот на инстаграмџиите:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рај за очи и душа: 10 најдобри плажи во Европа за 2025, според искусни патувачи Сигурно не помисливте дека листата ќе помине без розовата плажа на Крит. Кои дру...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg