7 плажи на Кипар чии тиркизни води и ситен песок се вистински хедонизам

Најголемото богатство на Кипар се небесните плажи на Средоземното Море со неодоливата кристално чиста вода.

7-plazhi-na-Kipar-chii-tirkizni-vodi-i-sitni-pesoci-se-vistinski-hedonizam 01 630x330 (1).jpg

Доказ за тоа е фактот што третиот остров во Медитеранот го зазема првото место во Европа (во однос на површината) по бројот на плажи кои се наградени со „Сино знаме“ - кој меѓудругото е меѓународно признаен стандард за квалитет.

За плажите во Аја Напа се вели дека се најубавите на Кипар, но ако одите по целиот брег на островот од Пафос до Фамагуста, можете да бидете сигурни дека ниту една од нив нема да ве остави рамнодушни.

Во продолжение за вас издвоивме 6 плажи на Кипар чии тиркизни води и ситни песоци се вистински хедонизам:

Nissi beach

Една од најубавите плажи на островот, позната по мекиот, фин бел песок и чистото, топло море.

Lara beach

Пред две години се најде на листата на десетте најдобри „осамени“ плажи во Европа, заземајќи го петтото место. Тешко е да се дојде до неа, но има и добра причина – глетката е извонредна!

Makronisos beach

Гледанo од птичја перспектива, плажата Макронисос наликува на опашка на риба или на делфин.

Првично е формирана од мали заливи и е покриена со златен песок, а специфични за неа се палмите и кактусите.

Paramali beach

Доколку ве нервира помислата да лежите тивко на пешкир и да се сончате со часови, плажата Парамали е вистинскиот избор за вас.

Позната меѓу локалната заедница за сурфање, оваа плажа е магнет за зависниците од адреналин.

Fiq Tree Bay beach

Безбедна и забавна за децата поради плиткото, плажата Fiq Tree Bay е широка со бел песок, а на неа можете да уживате во бројни активнoсти и спортови на вода.

Limnara beach

Плажата Лимнара (Кермија) e песочна со кристално чиста вода и карпести базени на работ на заливот. Овде ќе ги забележите прекрасните бунгалови по кои плажата го добила името (Kermia Beach Bungalows).

Konnos Bay beach

Дефинитивно една од омилените во Аја Напа. Плажата Конос се наоѓа во истоимениот залив на истокот на Аја Напа, веднаш до Националниот парк Каво Греко и пред влезот во Протарас.

Се карактеризира со неверојатна гледна точка, бел песок и кристално чиста вода во неколку нијанси на сина боја.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg