Колку месеци треба да ви биде валиден пасошот за да можете да влезете во државите што се популарни за летување?

Додека во Грција и Албанија пасошот треба да ви биде валиден најмалку три месеци, во Египет пасошот треба да биде валиден најмалку шест месеци ако сакате да влезете во државата.

kolku-meseci-treba-da-vi-bide-validen-pasoshot-za-da-mozhete-da-vlezete-vo-drzhavite-shto-se-popularni-destinacii-za-letuvanje01.jpg

Пред да тргнете на одмор, најважно е да ги проверите потребните документи за влез во земјата што ќе ја посетувате.

Некои држави бараат виза за граѓаните од Македонија, но за некои од најпопуларните дестинации за летување, за Македонците е потребен само пасош.

Но, за да не ви настанат проблеми на граница, треба да знаете и колку месеци пред да ви истече пасошот можете да влезете во некоја држава.

Во некои држави пасошот мора да ви биде валиден до датум оддалечен најмалку три месеци од патувањето, а во некои шест.

Исто така, во некои држави месеците се бројат од денот кога влегувате во државата, а во некои од денот кога ја напуштате.

Во продолжение колку месеци треба да ви важи пасошот за некои од најпопуларните дестинации за Македонците:

Држави кои бараат пасошот да биде валиден најмалку 6 месеци од денот кога ќе влезете во државата

1. Египет

2. Индонезија

3. Катар

4. Тајланд

5. Обединети Арапски Емирати

kolku-meseci-treba-da-vi-bide-validen-pasoshot-za-da-mozhete-da-vlezete-vo-drzhavite-shto-se-popularni-destinacii-za-letuvanje-03.jpg

Држави кои бараат пасошот да биде валиден најмалку 3 месеци

Во овие држави пасошот треба да биде валиден најмалку три месеци од денот кога ќе пристигнете во нив.

Но, за земјите во Шенген зоната, пасошот треба да биде валиден 3 месеци од датумот кога планирате да ги напуштите.

1. Албанија

2. Босна и Херцеговина

3. Франција (Шенген зона)

4. Грција (Шенген зона)

5. Италија (Шенген зона)

6. Малта (Шенген зона)

7. Црна Гора

8. Шпанија (Шенген зона)

Листата со сите држави можете да ја погледнете ТУКА.

kolku-meseci-treba-da-vi-bide-validen-pasoshot-za-da-mozhete-da-vlezete-vo-drzhavite-shto-se-popularni-destinacii-za-letuvanje-02.jpg

Спирова С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg