Топ 10 бич барови на вториот крак во Грција

Плажи уредени со бич барови во бохо стил на скриени локации, кревети под природна сенка од маслинки и кристално чисто и тиркизно море во кое ќе посакате веднаш да нурнете додека уживате во музиката од локалите. Кои се најубавите бич барови на Ситонија?

top-10-bich-barovi-na-vtoriot-krak-vo-grcija-01.jpg

За разлика од бич баровите на првиот крак, оние на вториот крак не се толку фокусирани на забава, но вреди да се посетат. 

Доколку летово Ситонија е вашата дестинација за летен одмор, прошетајте низ целиот крак во некои од овие бич барови:

Talgo Beach Bar, Вурвуру

Плажата се наоѓа на 3.5km од Ормос Панагијас, на патот кон Вурвуру, добро е означена и нема опција да ја промашите. Најголемиот дел од плажата припаѓа на бич барот, за кој се плаќа паркинг, плус лежалки и чадор по цена која зависи од редот во кој ќе се сместите. Популарна е помеѓу младите луѓе, има гласна музика, а водата е тиркизна и кристално чиста.

Lagonisi Beach Bar, Вурвуру 

Една од најубавите плажи на Халкидики, која до неодамна беше дива, но веќе неколку години е организирана со лежалки кои припаѓаат на бич барот, а се наоѓа во близина на Талго. Ситен песок, кристално чиста вода и природа околу вас – што повеќе ви е потребно?

Goa Beach Bar, Сарти 

Мала плажа во близина на Сарти, со пејзаж околу неа и поглед кон планината Атос, а бич барот создава смирувачка атмосфера со добра музика, заради што ќе помислите дека сте на некоја азиска плажа. Популарна е за младите, а не се препорачува за мали деца, заради камењата во вода и брановите.

Makai beach bar

Еден од највпечатливите бич барови на вториот крај, уреден во бохо стил, со многу перници и шаторчиња, се наоѓа на „скриена“ локација, на самиот крај од вториот крак (кон третиот), до која се стига преку пејзажни глетки во природа. Ќе уживате во музика која ќе ви го ослободи умот, во придружба на добра храна и вкусни коктели. 

Isla Beach Bar, Никити

Лоциран на плажата Калогриа, бич барот е оддалечен на 5.5km од Никити, е популарен за млади луѓе, но и заа семејства, со оглед на тоа што плажата е песочна со постепена длабочина во водата. Барот е голем и впечатливо декориран, организиран е со лежалки и чадори, со музика, лесни оброци и пријатна атмосфера, а има и голем паркинг.

Уште 4 бич барови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
Топ 5 најубави плажи на Макарска ривиера во Хрватска Макарска повторно станува популарна дестинација кај младите, но и кај семејстват...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg