Идеални за завршеток на летото: Најромантичните грчки острови создадени за љубовни парови

Грција - земја со вековна историја, космополитски градови, некои од најубавите плажи во светот и со сигурност една од најромантичните земји за парови кои бараат место каде што можат да уживаат во шармот на нивната љубов.

Idealni-za-zavrshetok-na-letoto-najromantichnite-grchki-ostrovi-sozdadeni-za-ljubovni-parovi 01 630x330.jpg

За среќа, разноликите острови во Грција нудат по нешто за секој џеб, вкус и стил, без разлика дали се работи за забава, тиркизно море, песочни плажи или места од културно значење.

Во продолжение за вас ги издвоивме 6-те најромантични грчки острови создадени за љубовни парови:

Миконос

Помеѓу мај и октомври, Миконос oстанува една од главните дестинации за забава до раните утрински часови и токму поради оваа причина овој остров го доби прекарот „грчката Ибица“.

Покрај незаборавното ноќно излегување, овој остров нуди и прекрасни ресторани, бутици, продавници за сувенири и стари градби кои датираат од антиката.

Главниот град на островот, кој го носи и името Миконос (Chora), е особено популарен. Во него се наоѓа и најромантичната населба наречена Мала Венеција, позната по своите бели и сини куќи и калдрманите улици полни со кафулиња и продавачи на гиро и сувлаки.

View this post on Instagram

A post shared by Explore Mykonos 🇬🇷 (@visit.mykonos)

Миконос располага со околу 20  плажи и секоја од нив нуди нешто посебно - Elia, Psarou и Platys Gialos се познати по лудата забава и луксузните барови, а Agios Ioannis и Agrari нудат совршен мир и спокојство, но и многу можности за нуркање.

Општо земено, најдобрите плажи се на јужниот брег на островот, заштитени од налетите на северните ветрови кои можат да бидат особено силни помеѓу јули и август.

Милос

Меѓу најромантичните грчки острови е и Милос, кој е вистински скапоцен камен на Егејското Море и каде се кријат некои од најмагичните плажи во овој дел на Грција.

За среќа на оние парови кои сакаат да се држат настрана од љубопитните погледи и вревата на популарните одморалишта, Милос е неспоредлив за овој тип на бегство во мир и тишина.

Уникатниот шарм на ова островче почнува на уникатните пејзажи и продолжува на чудните карпи кои ги опкружуваат плажите со смарагдното море, но и на самиот факт дека токму на Милос во 1820 година е откриена статуата на Венера де Мило, која моментално се наоѓа во Лувр.

Целиот остров изобилува со глетки од исклучителна историска важност, подводни пештери, катакомби, антички амфитеатри и што е најважно, плажи од бајковит бел песок, од кои некои се достапни само со чамец или мали чамци кои можат да ве одведат до нив.

Крит

Не само што Крит е најголемиот остров во Грција, туку тој е и еден од оние острови кои нудат безброј можности за совршен романтичен одмор.

Неговата позиција на мапата е исклучително поволна, бидејќи отвора можности за истражување на други острови во областа, особено Родос и Санторини, кои исто така се меѓу најромантичните грчки острови за парови.

Крит изобилува со археолошки локалитети и знаменитости од исклучителна важност, но подеднакво е привлечен поради своите колоритни пејзажи и плажи кои се совршени за романтични моменти.

Дури и ако сте еден од оние парови кои сакаат „жива“ романса исполнета со активности, од пешачење и разгледување на знаменитости до возење велосипед или параглајдерство - Крит е островот за вас!

Санторини

Овој остров е веројатно еден од најпрепознатливите острови во светот, а својот уникатен шарм несомнено го должи на совршено белите куќи и сините покриви кои стојат како венец високо на карпите и нудат неверојатен поглед на хоризонтот.

Иако важи за еден од поскапите острови, одморот во Санторини дефинитивно вреди за секое евро.

Санторини не може да се пофали со рајски плажи и тиркизни мориња, но тој поседува шарм што не може да му парира на ниту еден остров во Грција, па дури ни во светот.

Каде и да се најдете ќе ве воодушеви глетката која се протега до бесконечност, а зајдисонцата на овој остров остануваат врежани длабоко во меморијата.

Лефкада

Лефкада е фантастична опција за романтичен одмор поради неколку причини. Покрај тоа што е многу лесно да се стигне со автомобил (Лефкада е поврзана со копното со подвижен мост), на овој остров можете да најдете прекрасни вили, одлични ресторани и плажи кои го одземаат здивот.

Доколку Лефкада ви е дестинација за ова лето, најдобро е да ја посетите со автомобил и со темпо кое најмногу ви одговара.

Неспорни по убавина се Porto Katsiki и Egremni каде што ќе треба да се помачите да најдете место доколку не пристигнете во раните утрински часови.

Katisma е прекрасна плажа, но и една од најдобро организираните, бидејќи нуди изобилство од барови и лежалки, а во екот на сезоната можете да уживате во неверојатни бранови.

Покрај нив, дефинитивно не треба да ги пропуштите плажите Milos, Kalamitsi и Agiofili кои никогаш не се преполни со посетители и се идеални за одмор за двајца.

Родос

На Родос ќе имате впечаток дека патувате низ времето. Елегантните вили, тесните улички со калдрма, средновековните градби и античките ѕидови го прават овој остров единствена дестинација за создавање романтични спомени.

Покрај Миконос, Родос е уште еден остров кој е познат по својот луд ноќен живот, но и по своите фантастични ресторани и таверни.

На островот можете да најдете неколку агенции кои нудат екскурзии со автобус и брод со цел да посетите што е можно повеќе места кои пленат со извонредна убавина и историско наследство.

Родос поседува над 40 плажи, почнувајќи од оние со барови, ресторани и лежалки покрај морето до оние кои се речиси диви и често не толку посетени, што ги прави совршени за одмор со саканата личност.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...
Вранско Езеро во Хрватска - уникатна дестинација со неверојатен поглед (фото) Сместено во близина на морето и опкружено со чудесна природа, Езерото е дом на и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg