Скопелос изобилува со природни убавини, познат е по филмот Мама Миа – како да стигнете дотаму и кои плажи да ги посетите?

Познат по својата природна убавина, со планински падини облечени во борови шуми што се издигнуваат од плажите со камчиња и тиркизна вода… За кој прекрасен остров зборуваме?

prekrasen-ostrov-vo-grcija-koj-ne-e-tolku-popularen-no-e-pogolem-od-santorini-i-mikonos-za-koj-ostrov-stanuva-zbor-1.png

Тоа е Скопелос. Во Скопелос нема недостиг од работи што треба да се прават. Има различни активности како пливање, планинарење, посета на манастири и истражување на тесните калдрмани улици на градовите Скопелос и Глоса.

24 острови го сочинуваат архипелагот Споради, но само Скијатос, Скопелос и Алонисос се населени и туристичката сезона овде е кратка, од мај до септември.

Меѓународниот аеродром на соседниот Скијатос придонесува за неговата жива репутација, додека Скопелос е помирен и совршен за оние кои сакаат да се релаксираат во природа.

Како да стигнете до Скопелос од Солун?

Најлесно е да отидете до Солун со автомобил или автобус и од таму да тргнете кон Скопелос. Бродовите помеѓу Солун и Скопелос работат во текот на летото 4 пати во неделата. Најдобро е да проверите на Ferryhopper за повеќе информации и билети.

Солун - Скопелос

Поаѓање: Околу 07:00 часот 

Просечно времетраење: 3ч 40м 

Опсег на цени: 40,30 € - 115,20 €

Скопелос - Солун

Враќање: 17:30 или 17:45 часот 

Просечно времетраење: 3ч 55м 

Опсег на цени: 40,30 € - 115,20 €

Скопелос - островот на мјузикалот „Мама Миа“

Скопелос доби слава низ Европа кога филмската екипа од мјузикалот „Мама Миа“ пристигна во 2007 година да го снима хит филмот. Оттогаш, Скопелос е познат како „Островот Мама Миа“.

Во баровите и рестораните, можете да забележите многу фотографиите од членовите на актерската екипа кои вечераат за време на нивното снимање, а ако ги прашате локалните жители за филмот, ќе слушнете и многу приказни за актерите кои уживале во многу чаши узо.

Одлични плажи кои можете да ги посетите:

Stafilos

Стафилос, на јужната страна на Скопелос, е меѓу најпопуларните и најживописните плажи на островот која е опкружена со високи карпи.

Panormos

Панормос има песочен брег, топла вода и дава одличен поглед на зајдисонцето.

Agnontas

Ова е плажа со многу камчиња која е опкружена со живописен зелен амбиент.

Milia Beach

Ова е убава плажа со бели камчиња и кристална вода. Дел од оваа плажа е организиран со лежалки и чадори.

Elios

Елиос е прекрасно туристичко одморалиште опкружено со густа борова шума. 

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Не е Кариби, Халкидики е: Најубавата плажа во Европа за 2025 одзема здив со рајска убавина Глетката од птичја перспектива одзема здив со уникатната формација поделена во д...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...

Најчитани неделава