„Бев во Кипар, со автобус од Скопје, па со авион од Солун - зошто оваа дестинација ми се допадна?“
Не знам како е летно време со гужва, но сега изгледаше совршено.


И згора на сè, имаше по некој кој се капе, верувам туристи од студените скандинавски земји.

На островот често имаше мало ветерче, кое сега знаеше да направи да ни застуди навечер и да си облечеме кожена јакна, но кое верувам во лето на високите температури е навистина добредојдено.


Уште една атракција која ме воодушеви на Кипар е Соленото Езеро, каде ги видовме последните преостанати фламингоси, кои се селат на друго место пред сушењето на езерцето во летната сезона, а потоа доаѓаат одново во есенските месеци барајќи топлина.


Како што ни кажа водичот, во Кипар температурата и во зима не паѓа под 16 Целзиусови степени.

И имам многу за раскажување, но ќе се обидам да скратам за да ви доловам што сè видовме во само неколку дена.

Лимасол – град кој е некаква си верзија на Дубаи. Добро не, далеку е од Дубаи, но има низа нови и футуристички згради кои мамат воздишки.


Има совршено шеталиште покрај море, прекрасно пристаниште и што уште не.


Пријатна ни беше и прошетката во градот Пафос, каде посетивме и археолошко пронаоѓалиште.


Потоа, отидовме и во Северен Кипар, односно во турската страна од овој остров.
И навистина бев изненадена. Буквално поминувавме граница, со пасоши, со чекање.

