Евгениј Хоуп препорачува дестинации низ Македонија за последниот викенд од октомври


Евгениј Хоуп препорачува дестинации низ Македонија за последниот викенд од октомври

Скоро секој ден отворам временска прогноза и проверувам до кога ќе имаме пристојно време како периодов. 

Planinski masivi klisuri pesteri dolin0 vikend predlozi za posledniot vikend od oktomrvi 6

Шуќур, викендов според она што видов изгледа дека ќе биде создаден за патување. Во затворени простории и така никој не се чувствува безбеден, па нема поубаво да нарамиме ранец и со еден-двајца пријатели да заминеме некаде во природа.

Барем последниот ден од октомври и првиот ден од ноември да уживаме на чист воздух и да се снабдиме со резерви на витамин Д.

Во продолжение следуваат неколку предлог дестинации кои можат да ви бидат од корист:

Мислам дека сите сме привлечени од планински масиви и она што се крие таму. Во овој случај Јакупица, што го зафаќа централниот дел од државата и тоа како може да ги задоволи вашите потреби за авантура и внатрешно прочистување.

Позната и како Мокра Планина, може да го искачите врвот Солунска Глава (2.540 метри), да го посетите изворот и водопадите на Бабуна или да преспиете во планинарскиот дом „Чеплез“, кој се наоѓа во шума од букови дрва.

Planinski masivi klisuri pesteri dolin0 vikend predlozi za posledniot vikend od oktomrvi 4
фото: Инстаграм - evgenij.houp 

Едно место кое не е толку познато за пошироката јавност е и Бислимска Клисура на реката Пчиња, на само пет километри од Куманово.

Пештери кои го будат авантуристот во вас, уникатниот биодиверзитет и маркирана патека за планинарење е дел од она во што може да уживате таму.

Иако е долга само 7 километри, Бислимска Клисура има многу што да понуди.

Освен тоа, може да ѝ се пристапи од неколку страни: преку селото Пчиња или преку магистралниот пат Куманово – Свети Николе, веднаш покрај „Искрин мост“.

Овој каменлив простор е полн со мистерии.

Planinski masivi klisuri pesteri dolin0 vikend predlozi za posledniot vikend od oktomrvi 1
фото: Инстаграм - evgenij.houp 

Тука ќе ја наведам и клисурата Пешти во близина на Велес, по течението на реката Бабуна. Можеби ќе се одлучите да ги истражувате пештерите, според некои процени ги има околу 80, иако голем број се тешко достапни.

Во некои од пештерите се откриени фосилни остатоци од цицачи стари повеќе од 70 000 години. Исто така, може да се прошетате покрај течението на реката Бабуна, да направите фотка-две од висечките мостови и да си дадете ветување дека повторно ќе дојдете тука наредното лето за да може да се искапете.

Planinski masivi klisuri pesteri dolin0 vikend predlozi za posledniot vikend od oktomrvi 2
фото: Инстаграм - evgenij.houp

Од друга страна, никогаш не е доста од Шар Планина. Овој викенд може да се препуштите на планинарење до Јелак, еден од најубавите предели таму.

Или едноставно да продолжите да се „рестартирате“ себеси, планинарејќи низ долината на Шар Планина, Лешница. Имате избор, само на вас останува како ќе одлучите да го поминете последниот ден од месец октомври и првиот ден од ноември.

Planinski masivi klisuri pesteri dolin0 vikend predlozi za posledniot vikend od oktomrvi 3
фото: Инстаграм - evgenij.houp

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

10 евтини и забавни активности кои може да ги правите сами за време на викендите Викендите се исклучиво резервирани за полнење на батериите, па ако обожавате тоа...
И овој викенд да испробаме нешто ново Eве, ни се ближи лето, период во кој сите очекуваме да се случи нешто поразлично...
Викенд предлог: Истражете ја Малешевијата и убавините на Пехчевските водопади (фото) Малешевијата е една од најубавите области во Македонија, а Пехчево дефинитивно е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg