6 лекции на кои ме научи мојот 2-годишен син

Изминативе 2 години со него плачев и се смеев, со него заспивав и се будев. Можеби го научив како да зборува, како да трча и како да јаде правилно, но неговите лекции не се споредуваат со моите.

6-lekcii-koi-gi-nauciv-od-mojot-2-godisen-sin-01

Само тој успеа да ме научи дека...

1. Можеш да уживаш во секоја глупост

Пред неколку вечери се враќавме од шетање, кога мојот син почна постојано да изговара „хот дог.“ Она детско повторување, без пауза, со еден ист константен глас. По секое повторување се кикотеше од дното на срцето. Во еден момент застанав и го прашав дали тоа е некаква игра. Одговорот беше поедноставен отколку што очекував: „Не, ама пробај и ти. Ќе видиш зошто.“

Пробав без размислување, по негова желба. Верувате дека не можев да престанам да се кикотам, баш како кога бев дете? Не можев да си поверувам самата што правам. Но, продолжив сè додека ни предизвикуваше смеа.

2. Понекогаш, ти треба тишина и свеж воздух

Бевме излезени на вечера со неколку мои пријатели, кога мојот 2-годишен син стана нервозен и молчелив. Го изнесов надвор и го прашав што се случува. Само ми ја фати раката, ме седна на најблиската клупа и гледавме во една точка.

По неколку минути ми рече „Извини мама. Сега може да влеземе.“ Останав зачудена од неговата смиреност.

3. Во ред е да плачеш неколку минути, но потоа мораш да станеш и да продолжиш да трчаш

Можете само да си замислите колку пати сум го нашла паднат на коленици, со солзи во очите. Гушкање, тешење, бакнување... 30 секунди подоцна? Сè почнува од ново.

Верувајте, никогаш не сум го пронашла како седи на едно место повеќе од 1 минута и плаче за својата нова раничка на коленото или раката.

4. Можете да давате љубов колку што не сте знаеле дека имате во вас

Никогаш не сум видела толкава количина на љубов како неговата. Чиста, нежна и вистинска.

Секоја прегратка е нова авантура, секој бакнеж има посебна топлина, само треба да ја почувствуваш.

5. Понекогаш, само треба да танцуваш

Мојот син обожава да танцува. И обожава да ме кани на заеднички танц кој буквално ми го разубавува денот.

Еден ден дури и ме праша: „Мамо, зошто ти и тато ретко танцувате без музика?“

Можеби затоа што не знаеме да си измислиме музика во главата, си помислив. Но, само му се насмевнав.

6. А, понекогаш ви треба само прегратка

Не се случува често, но знам да се разбудам со мало раче врз мојот врат. Еднаш дури и ме разбуди само за да ми каже: „Те молам остани дома. Денес сакам да се гушкам.“

И после кажете дека се премногу мали за да ги разберат големите нешта...

Би можело да ве интересира:

Карл Јунг за „мамините синови“ – Кога нема доволно љубов од сопругот, мајката „го уништува“ синот Ниту една мајка нема да ви признае дека одгледала „мамин син“. Во кои случаи врс...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам ... „Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg