„Јас сум лоша мајка, но син ми е среќен“

„Мислев дека знам што е најдобро за мојот син, сакав да имам контрола врз секој аспект од неговиот живот, но тој ми го заврте грбот и завршив на психијатар...“

jas-sum-losha-majka-no-sin-mi-e-srekjen-01.jpg

Руската блогерка Galina Narozhnyaya отворено проговори за предизвиците во мајчинството.

Нејзината исповед ќе ве натера да се замислите:

„Јас имам два сина. Постариот син има 19 години. Беше на сите можни курсеви и дополнителни часови што постојат, од јазици до компјутери.

Го носев на театар, во музеи, на изложби... Организирав да се дружи со пристојни деца од пристојни семејства. Бев одлична мајка и сонував да биде најдобар во сè, да оди на добар факултет и да има кариера од соништата.

Откако заврши средно училиште си ги собра работите, ме поздрави и замина да студира и живее во град на 1.000 километри од мене.

Дали треба да објаснувам како се чувствував? Одев на психијатар и се прашував одново и одново: „Зошто ми го направи ова? Ја правев сè за него, а тој... Неблагодарен!“

jas-sum-losha-majka-no-sin-mi-e-srekjen-02.jpg

Но, по една година исполнета со негативни емоции, одлучив да кренам раце од ситуацијата, престанав да барам вина и се вратив на мојот живот. Се ослободив од контролата, анксиозноста и претераната заштитничка поставеност. Одлучив да ги прифатам моите деца такви какви што се и да престанам да се обидувам да ги усреќам на сила.

По една година сфатив дека мојот син е добар студент на факултетот на кој се запиша и дека стана многу независен. Дека има вистински пријатели и дека се смее многу повеќе од порано. Бев горда на него.

Престанав да се обвинувам поради тоа што не знаев како ги распоредува парите, што вечера и дали е топло облечен. Престанав да се чувствувам виновно што се јавува само неколку пати месечно и нè гледа на неколку месеци. Хорор, зарем не? Епа не е!

jas-sum-losha-majka-no-sin-mi-e-srekjen-03.jpg

Имаме убава врска, средбите ни носат вистинска радост. Тој ми беше најголемата поддршка кога му кажав дека ќе направам една голема промена во животот и ќе се преселам на море. Ми рече: „Мамо, животот е еден, прави го тоа што го сакаш.“

Порано мислев дека јас знам што е најдобро за него и му го планирав животот. Но, сфатив дека моите дела се манипулација.

Не треба да одлучуваме за детето, туку да му го дадеме тоа што му е потребно. Ние да му дадеме совет, а тоа да преземе акција.

jas-sum-losha-majka-no-sin-mi-e-srekjen-06.jpg

На кратко, што треба да правиме ние родителите? Да ги научиме своите деца како да живеат без нас. Тоа значи да ги сакаме, да им дадеме сигурност, но и да им дозволиме да носат свои одлуки за кои ќе преземат одговорност.

А што правиме најчесто? Ги живееме нивните животи и ги принудуваме да ги исполнуваат нашите очекувања и соништа.

Сега мојот помал син оди во основно училиште и го гледам и учам од него како да уживам во животот. Сега рутината ни е комфорна и гледам дека другите мајки се збунети од тоа. Тие секогаш имаат нешто што треба да биде направено – спорт, јазици, комјутери.

jas-sum-losha-majka-no-sin-mi-e-srekjen-05.jpg

Но, зошто мора? Кога ќе живееме? Нас кога ни се гледа филм, купуваме билети за во кино. Понекогаш дури и пропуштаме ден за на училиште за да шетаме покрај плажата и да јадеме крофни.

Синот ми вели дека е 101% среќен затоа што се чувствува добро и обожава како ги минуваме деновите.

Родители, ве молам сакајте си ги децата и живејте си ги своите животи, а не нивните.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
6 лекции на кои секој татко треба да го научи својот син Клучна лекција: Закрепни од сè лошо што можеби животот ќе ти го приреди пред да ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg