Зошто никогаш не треба да ставате прекривка врз количката со вашето бебе?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 23-06-2019


Зошто никогаш не треба да ставате прекривка врз количката со вашето бебе?

Многу мајки имаат навика да ги покриваат количките кога е топло, со цел да ги заштитат своите бебиња од сонцето, но всушност тоа може да биде опасно по живот.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-go-pokrivate-bebeto-vo-kolichka-01.jpg

Во текот на летото, кога температурите стануваа повисоки и сонцето е посилно, родителите се обидуваат на секој начин да го заштитат своето дете од жештините, па многумина ги покриваат количките мислејќи дека така е правилно.

Но, шведски педијатар предупредува дека количката со мало бебе никогаш не треба да се покрива со марами или посебни материјали, бидејќи со тоа може повеќе да му наштетите на детето отколку да го заштитите.

„Кога луѓето ги прекриваат количките со бебе, наместо простор во кој на детето ќе му биде поладно, создаваат простор во кој нема циркулација на воздухот, а без тоа, температурата во количката уште побрзо се крева.“ – вели Сванте Норгрен за весникот Svenska Dagbladet.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-go-pokrivate-bebeto-vo-kolichka-02.jpg

Откако педијатарот го објаснил овој процес како опасен, неговата теорија била тестирана, така што количката прво била оставена непокриена на сонце, час и половина. Температурата која ја измериле била 22˚С.

Потоа, истата количка ја прекриле со тенка ткаенина, а првпат ја измериле температурата по половина час, која покажала дека во покриената количка е 34˚С. по 1 час повторно измериле и температурата била 37˚С.

Па, со оглед на овие резултати, можете ли да замислите што му се случува на вашето бебе додека се наоѓа во тој мал простор со толку висока температура, додека вие шетате и уживате, несвесно ставајќи му го животот во опасност? 

zoshto-nikogash-ne-treba-da-stavate-prekrivka-vrz-kolichkata-so-vasheto-bebe-07.jpg

Педијатарот советува дека наместо да се покриваат количките и да се става животот на детето во опасност, треба бебето да се облекува во лесна памучна облека и на количките да се користат чадори за сонце.

zoshto-nikogash-ne-treba-da-go-pokrivate-bebeto-vo-kolichka-05.jpg

zoshto-nikogash-ne-treba-da-go-pokrivate-bebeto-vo-kolichka-04.jpg

Со облеката пожелно е да се покријат цели раце и нозе, но внимавајте тоа да бидат лесни материјали во светли бои.

Исто така, држете се до старото добро правило и не излегувајте со детето помеѓу 10 и 16 часот.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни мајки кои не можеле или не сакале да ги дојат своите деца Родителството е благослов во животот. Истовремено е и голема обврска. Непроспиен...
Што мора да научат денешните мајки од бабата која имала 11 деца? Откако го родила своето прво дете и подлегнала на типичните, всушност, модерни м...
Заклетвата на секоја мајка... Се викам мама. Некои ме викаат мајка. Некогаш и по име. Понекогаш и плачот ќе би...