По 13 години неуспешни обиди, добиле бебе со сурогат мајка - „Мислев ќе ни ја земат“


По 13 години неуспешни обиди, добиле бебе со сурогат мајка - „Мислев ќе ни ја земат“

По многу неуспешни обиди Џорџина веќе влегла во средината на 40-тите години од нејзиниот живот...

po-13-godini-neuspeshni-obidi-dobile-bebe-so-surogat-majka-mislev-kje-ni-ja-zemat-01.jpg

Џорџина Лесли (44) и нејзиниот 34-годишен свршеник Стефан Шо повеќе од една деценија се обидувале да добијат дете.

Но, по низа неуспешни асистирани оплодувања, многу солзи и зафати, тие одлучиле да побараат сурогат мајка за да си го остварат сонот.

po-13-godini-neuspeshni-obidi-dobile-bebe-so-surogat-majka-mislev-kje-ni-ja-zemat-04.jpg

Патувале дури до Прага за да извадат јајце клетки и да смрзнат ембриони, бидејќи во Велика Британија тоа не било можно поради годините на Џорџина.

Сега, тие се родители на ќеркичка, а ова е трето дете за Џорџина. Среќното семејство живее во Шкотска, но Стефан моментално работи на нафтена платформа.

po-13-godini-neuspeshni-obidi-dobile-bebe-so-surogat-majka-mislev-kje-ni-ja-zemat-03.jpg

„На почетокот ни беше чудно и мислев дека некој ќе дојде и ќе ми ја земе, ќе ми рече да ја вратам, но полека сфатив дека таа е наша и чувството е неверојатно. Ова е чиста љубов, луди сме од љубов“, изјави пресреќната Џорџина.

po-13-godini-neuspeshni-obidi-dobile-bebe-so-surogat-majka-mislev-kje-ni-ja-zemat-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто мајка минала 2 години без да им купи нешто ново на децата? Кејти сфатила дека огледувањето на 3 мали деца е прескапо и дека постојано се фр...
Бебе што што тежело 450 грама денес е прекрасно 2-годишно девојче (фото) „Ја родив во шестиот месец од бременоста, беше премала, не смеев да ја допирам, ...
Мајка дои на под во воз, откако никој не ѝ отстапил место Разочарана мајка раскажува за нечувствителноста и некултурата на луѓето: „Додека...

Најчитани неделава