10 интересни имиња за новороденчиња кои значат „мир“

Ако сте идни родители и во потрага по име кое ќе го симболизира „мирот“ во вашиот живот, ова се неколку предлози, но некои од нив не се типични за нашето поднебје.

10-interesni-iminja-za-novorodenchinja-koi-znachat-mir-01.jpg

Да се избере име за вашето новороденче е навистина тешка работа.

Сигурно на ум имате милион идеи, но ако се водите од тоа какво значење сакате да има името на вашето новороденче, тогаш оваа листа со имиња кои симболизираат „мир“ можеби ќе ви помогне.

10-interesni-iminja-za-novorodenchinja-koi-znachat-mir-04.jpg

Фрида

Ова необично име е варијација од Фредерика, а на шведски јазик значи мир.

Мирослав

Ова име има значење светски мир и слава.

Мирна

Во самата основа го има зборот „мир“ и неговото преносно значење е дека желба на родителите е да имаат спокојно, задоволно и смирено дете.

10-interesni-iminja-za-novorodenchinja-koi-znachat-mir-03.jpg

Ноа

Потекнува од хебрејскиот јазик и има значење смирен и лесен.

Палома

Ова е уникатно име кое значи гулабица, а токму таа птица е симбол на мирот.

Манфред

Ова е германско име, кое значи сила и мир.

Аксел

Ова име со германско потекло означува „татко на мирот“.

10-interesni-iminja-za-novorodenchinja-koi-znachat-mir-02.jpg

Гален

Значењето на ова име асоцира на нешто мирно и исцелителско.

Шалом

Ова име има хебрејско потекло и значи мир.

Шајло

Ова име означува мир и спокој, а стана светски популарно откако Бред Пит и Анџелина Џоли така ја крстија ќерка си.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

9 најубави имиња за момчиња и девојчиња родени во февруари Имињата во февруари често се врзуваат со Денот на виното и Денот на заљубените. ...
Мила, Давид, Eва: Најпопуларните имиња за бебиња во Македонија Кои 10 машки и кои 10 женски имиња се најпопуларни во Македонија? Погледнете кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg