9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи

Depositphotos_3039-prichini-zoshto-dvegodishnite-deca-se-magichni-a-ne-uzhasni-022.jpg

Одново ви ја будат имагинацијата

Пред да станете мајка, најверојатно не ја користевте имагинацијата.

А сега се преправате дека сте самовила, принцеза или пират кој треба да се бори против ајкула во страшниот океан.

Децата ќе ве потсетат дека играњето е забавно.

Тие се веќе способни да комуницираат и да разбираат

Неверојатно убаво, но и застрашувачко е додека ги гледате вашите бебиња како растат.

Мислам дека секогаш ќе ни недостасува моментот кога се бебиња, но голема радост е да ги гледаме како се развиваат во деца кои само зборуваат и зборуваат.

Во оваа фаза веќе можете да разговарате со нив, со зборови или само преку нивната способност да ви покажат што сакаат или што им треба.

Но, тие веќе созреваат и разбираат сè повеќе и повеќе секој ден пред нашите очи.

Тие се брутално искрени

Тие ги кажуваат работите какви што се навистина и не се плашат од тоа.

Немаат филтер, па немаат ни способност да се воздржат.

Во свет во кој возрасните се плашат да кажат нешто за да не повредат некого, вистината ќе ја слушнете само од децата.

Велат и прават смешни работи и мислат дека вие сте смешна

Мислам дека не е многу слатко кога возрасна личност ќе каже нешто како „Гола сум, гола сум!“ или „Почекај една минута, как*м“, но тоа е сосема поинаку кога ќе ви го каже двегодишно дете.

Децата можат да кажат и направат сè, дури и невозможно, за да ве насмеат. Бонус е што тие речиси секогаш се смеат на вашите смешни гримаси и шеги.

Секогаш ќе бидат вашите бебиња

Колку и да растат и се менуваат со текот на времето, сепак понекогаш изгледаат како вашите невини бебиња (особено кога спијат).

Тие секогаш ќе бидат вашите бебиња и секогаш ќе им требате.

Го чувствувате тоа кога ќе ја скршат ногата и ќе ве бараат вас.

Или кога се уморни и ќе легнат врз вас, совршено вклопени во вашите раце. Ќе го почувствувате тоа кога ќе им светнат очите кога ќе се вратите дома од работа.

Ќе почувствувате кога ќе ви се јават затоа што сонувале лош сон, а вие им ги избришете солзите од лицето - бришејќи им ги грижите, како што можат само мама и тато.

Тие растат многу брзо, но им требате сега.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да реагирате кога вашето мало дете ќе ве удри во бес? Често се случува по втората година децата во бес кога нема да добијат нешто да г...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава