Кои деца најчесто страдаат од синдром „мал цар“ и како да го спречите?

Преголемата родителска грижа може да доведе до несакани психолошки карактеристики кај детето кои може да му штетат и да му го поплочат патот кон зависностите. Децата со синдром „мал цар“ се вистински тирани кон родителите, наставниците, но и кон себеси. Како да ги препознаете симптомите?

koi-deca-najchesto-stradaat-od-sindrom-mal-car-i-zoshto-toj-predizvikuva-sklonost-kon-zavisnosti-01_copy.jpg

Синдромот „мал цар“ се јавува во детството, но може да продолжи и во подоцнежните години, па овие личности се најчесто нарцисоидни и имаат потреба да им шефуваат на луѓето околу себе.

Луѓето што го имаат овој синдром веруваат дека светот се врти околу нив и секојпат кога за нешто ќе ги одбиете можете да очекувате бурна реакција, слична на онаа на бебињата коишто вреснуваат во плач секојпат кога нема да го добијат тоа што го бараат.

Често овој синдром може да се јави уште во раното детство, па децата со овој синдром вршат психичко насилство врз своите родители и немаат никаква почит кон авторитетите.

koi-deca-najchesto-stradaat-od-sindrom-mal-car-i-zoshto-toj-predizvikuva-sklonost-kon-zavisnosti-02.jpg

Им нанесуваат болка и страдање на родителите за да имаат контрола врз нив, и родителите практично чувствуваат дека целосно го загубиле авторитетот и не можат да влијаат врз однесувањето на своето дете.

Подоцна ова однесување продолжува и врз наставниците, кои мора да трпат навреди, понижувања и малтретирање од малите цареви и кралици кои станале ученици.

koi-deca-najchesto-stradaat-od-sindrom-mal-car-i-zoshto-toj-predizvikuva-sklonost-kon-zavisnosti-03.jpg

Како се јавува?

Според психологот Аманда Ганер, често се случува овие деца да потекнуваат од семејства на т.н. хеликоптер родители, кои се постојано тука за децата и се трудат веднаш да одговорат на секоја нивна потреба од најмала возраст.

Според неа главниот проблем настанува кога децата ќе тргнат во училиште, па нема да го добијат посакуваниот фидбек од професорите, затоа што навикнале во домот и во семејството тие да имаат приоритетен третман и да бидат најважни.

Ганер вели дека честопати родителите не ги прифаќаат забелешките од професорите сметајќи дека нивните деца се најдобри затоа што во нив вложиле толку многу труд и внимание и работеле напорно на нивното воспитување и им ги задоволувале сите проблеми, а не сфаќаат дека тука всушност настанал проблемот.

koi-deca-najchesto-stradaat-od-sindrom-mal-car-i-zoshto-toj-predizvikuva-sklonost-kon-zavisnosti-06.jpg

Кои се симптомите?

Децата што страдаат од синдром на „мал цар“ се обидуваат да ги вртат околу прстот сите членови на своето семејство како вистински мали тирани. За да го добијат тоа што сакаат тие знаат да манипулираат, да се закануваат, да викаат и на тој начин да покажуваат дека нема да се смират сѐ додека не го добијат тоа што го бараат, а во најтешките случаи може да станат и насилни и агресивни.

Иако симптомите се разликуваат од дете до дете, сепак постојат неколку клучни симптоми што може да се издвојат:

Егоцентричност

Ова е карактеристична особина на луѓето што не можат да се стават себеси во кожата на другите луѓе и да ги разберат нивните емоции, мисли или мотивација. Тие веруваат дека сите околу нив светот го доживуваат исто како нив и целат да ги остварат сопствените цели и не размислуваат за последиците врз другите.

Мора да признаеме дека егоцентризмот е присутен речиси кај сите деца, но кај оние со синдром на „мал цар“ ова е многу поистакнато.

Немаат толеранција на фрустрација

Уште една значајна особеност кај овие деца е тоа што не прифаќаат дека работите не одат така како што тие посакуваат.

Кога нешто не оди така како што сакаат, децата со овој синдром се лутат и добиваат тантруми. Пример го трескаат таблетот или плачат, ако не успеат од прв обид да го решат проблемот што од нив го бара играта.

Ова се јавува затоа што детето не знае како да се справи со фрустрацијата заради која неговите желби не се исполнуваат, па можни се емотивни изливи за банални работи.

koi-deca-najchesto-stradaat-od-sindrom-mal-car-i-zoshto-toj-predizvikuva-sklonost-kon-zavisnosti-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава