Кои деца најчесто страдаат од синдром „мал цар“ и како да го спречите?

Хедонизам

Децата со овој синдром постојано бараат нов извор за забава и ужување, па од тие причини подоцна тешко успеваат да развијат каков било вид дисциплина, избегнуваат напорна работа и сакаат без многу труд да постигнат големи резултати – затоа што, нели тие се најдобри во сѐ.

Од тие причини на овие деца најчесто им се виновни другите за сѐ лошо што ќе им се случи.

За лошиот успех виновни се професорите, родителите, тренерот, па дури и соучениците...

Тешко склопуваат пријателства

Со оглед на тоа што тие немаат емпатија и нивото на комуникација не им е доволно развиено, децата со овој синдром тешко успеваат да се зближат со другите луѓе или да одржат блиски односи со другите.

Целта ги оправдува средствата

Овие деца се вистински мали макијавелисти кои тежнеат само кон тоа да го добијат тоа што го сакаат веднаш и притоа не водат сметка за начинот на кој што ќе го направат тоа и дали некого ќе повредат.

koi-deca-najchesto-stradaat-od-sindrom-mal-car-i-zoshto-toj-predizvikuva-sklonost-kon-zavisnosti-05.jpg

Што може да се очекува?

Ако не успее навреме да се спречи овој синдром, подоцна може да создаде вистински проблеми во развојот на детето.

Често овие деца подоцна предизвикуваат проблеми во периодот на адолесценција, но и во зрелата доба.

Впрочем самиот термин „мал цар“ е скован од психологот Том Канингам кој вели дека луѓето со ваков синдром имаат многу поголема склоност кон пороци и најчесто многу потешко се справуваат со процесот на рехабилитација во клиниките.

Потребата за итна награда и уживање, без многу труд, може да доведе личноста со овој синдром полесно да посегне кон опојни супстанции и алкохол, а со оглед на тоа што не поднесуваат авторитети, сите обиди од блиските и од лекарите да им помогнат ги сметаат за злоупотреба.

koi-deca-najchesto-stradaat-od-sindrom-mal-car-i-zoshto-toj-predizvikuva-sklonost-kon-zavisnosti-09.jpg

Како да се спречи?

Внимателно посматрајте го однесувањето на вашето дете. Ако и во периодот по 4-тата година продолжи да се однесува гневно и да не знае како да се справи со сопствените емоции, тогаш најдобро е да побарате помош од психолог или стручно лице кое ќе ве упати што треба понатаму да правите.

Поставете цврсти граници и правила од најмала возраст

Ниту еден родител не сака да го казнува своето дете, но ако од најмала возраст му поставите ограничувања и правила тоа веднаш ќе знае што е она што од него се очекува и полесно ќе научи да го регулира сопственото однесување.

Научете го како да се стави во кожата на другите

Емпатијата е една од најважните особености на кои можеме да го научиме детето од најмала возраст. Всушност најголемиот број проблеми со синдромот на „мал цар“ потекнуваат токму затоа што недостасува таа особина.

Наместо да го казнувате детето кога ќе ви направи нешто лошо, разговарајте со него и покажете му како се чувствувате и кои се последиците од неговите дејствија.

Натерајте го да размисли како се чувствуваат другите и да се стави на местото на другите.

koi-deca-najchesto-stradaat-od-sindrom-mal-car-i-zoshto-toj-predizvikuva-sklonost-kon-zavisnosti-08_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело   



Би можело да ве интересира:

Што треба детето да знае пред да тргне во училиште (а не се букви и броеви)? Дете кое ги знае сите букви, но не умее да почека одмор за да јаде, да каже дека...
„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата „Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, стану...
Мајка од Србија со моќна порака: „Среќно дете не е тивко и мирно дете – 7 работи кои е нормално да г... 1.Зборува само со себе додека си игра. 2. Се однесува будалесто и пее измислени ...
„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
„Готвев, чистев и одев на работа, a маж ми само си уживаше – побарав развод по 23 години ’среќен‘ бр... „Кога се присетувам на динамиката во нашата врска низ годините, се запрепастувам...

Најчитани неделава